Д-р Даниловски: Карантин од три недели би го спречил есенскиот бран, но би предизвикал економска катастрофа

Епидемиологот Д-р Драган Данаиловски во интервју за Канал 5 вели дека карантин кој ќе трае две до три недели би го спречил есенскиот бран на заразата, но ќе доведе до социјална и економска катастрофа, ќе се случи невработеност и глад,проблеми со менталното здравје и ќе се соочиме со епидемии од друг вид.

Не смееме да дозволиме мерките да предизвикаат поголема штета од проблемот заради којшто се преземаат и затоа мораат да бидат дозирани -вели епидемиологот Д-р Драган Даниловски во интервју за Канал 5.

Според него клучот за спасот е во почитувањето на мерките, што мора да бидат дозирани, за да не се создадат други проблеми, додава Даниловски.

Капацитетите на болниците ќе се прошират, ама, дали, за еден месец од сега, ако заразата се шери со исто темпо, ќе има кој да ги лекува болните е отворено прашање, вели Даниловски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*