Убави и паметни девојки, а слободни? Зошто е тоа така?

Времињата многу се променија.

Колку убави и паметни девојки познавате кои се сами? Кога некој попрво избира да биде сам, отколку во врска, обично сметаме дека нешто не е во ред.

Меѓутоа, причините за такво нешто можат да се кријат во нешто сосем друго.

Модерните жени се независни

Жените се борат за своите права и го менуваат светот. Се повеќе жени завземаат водечки позиции и брзо се осамостојуваат. Мажите повеќе не им се неопходни, ниту ги прашуваат за помош во физичка работа, бидејќи едноставно повикуваат мајстор и му плаќаат, а тоа е понекогаш многу побрзо отколку да го чекате сопругот да го реши проблемот.

Започнуваат да ја почитуваат својата слобода и слободното време

Наместо да седам дома, готват и да чуваат деца, жените обожаваат да трошат време на себе. Попрво би заминале во спа центар, козметички салон, или во шопинг со пријателките.

Стануваат емоционално постабилни личности

Слободни жени со мачки не е толку неточна асоцијација Жените станаа посилни, пообразовани и емоционално постабилни. Современиот свет им ги овозможува речиси истите можности како и на мажите, а тоа влијае на нивната психологија. Повеќе не се плашат дека ќе останат сами и без пари. Подобро им е да ја чекаат личноста која ќе може да им парира, отколку да бидат со некој кој не го сакаат или кој не го почитуваат.

Алтернативни врски

Жените во денешно време, немаат страв од тоа да во врска се обидуваат да ја покажат својата склоност. Можат да живеат онака како што сакаат и никој нема да ги осудува, како што тоа било порано, кога за врска избираат некој кој е од ист пол, или кога се во отоврена врска. Тоа во многу случаеви е и причина зошто луѓето не се венчаваат, туку само живеат заедно.

Имаат многу високи критериуми

Кога имате диплома, сами заработувате, се грижите за изгледот и напредувате на сите полиња, очекувате маж кој нема да ве деградира и не го прифаќате оној кој не го цени вашиот труд. Не е можно да ги спуштите критериумите. Полесно е да останете сам.

Мажите се плашат од убави и паметни жени

Кога ќе здогледаат убава жена и ќе сфатат дека е паметна, потешко се осудуваат на прв чекор, бидејќи сметаат дека кај таквите жени немаат шанси. Покрај тоа, никој не сака да биде одбиен.

Модерните жени повеќе не веруваат во бајки

Жените се помалку им веруваат на мажите и ниту една не сака да заслужи скршено срце, а приказни за несреќни бракови во последно време има се повеќе. Времето, стандардите, животот, па и очекувањата навистина многу се променија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*