“Првото бебе од епрувета” Сите се сомневале во медицинското чудо, но тоа испаднало совршено

Foto: History.com

Нејзиното раѓање даде надеж на милиони парови ширум светот кои со децении се бореле за правото да се остварат како родители.
Британката Луиза Браун е позната како првото “бебе од епрувета”. Родена е 25. јули 1978. како медицинско чудо, кое на докторот Роберт Едвардс во 2010. година му донесе Нобелова награда за медиина за исклучителен допринос во развојот на вантелесното оплодување.

Мајката на Луизи, Лесли, девет години безуспешно се обидувала да забремени. И таа и нејзиниот сопруг биле целосно здрави, но едноставно – не одело. Тогаш во болница му пришле докторите Патрик Степто и Робертс Едвардс и предложиле револуционерен метод – ќе ја оплоди јајце клетката надвор од телото и потоа ќе ја врати во Лесли која на тој начин ќе забремени. Оваа процедура денес е позната како “ин витро” вертилизација, но пред 1978. никој ништо слично не направил.

Девет месеци подоцна родена е Луиза. Лесли се породила со царски рез во болница во Олдем, на североистокот на Англија. Бебето било тешко 2.6 килограми и целосно здрава и прекрасна.

Foto: Fertility Clinic Americas

Нејзиното раѓање даде надеж за милиони парови ширум светот кои со децении се бореа за правото да се остварат како родители. Се проценува дека досега со оваа постапка се родени помеѓу 6 и 8 милиони беиња. Дури и Лесли и Џон подоцна добиле уште една ќерка – Натали, исто така зачната преку вештачки пат.

Луиза била апсолутно совршено девојче и по ништо не се разликувала од бебињата зачнати по природен пат кои тој ден дошле на свет. Сепак, не ја заобиколила горката цена на славата. Во првите неколку месеци по нејзиното раѓање нејзините родители биле пренатрувани со писма полни со омраза. Пристигнувале и хартии попрскани со кр в, луѓето пишувале дека целото семејство ќе гори во пек олот, бебето Луиза го нарекле чудов иште.

Негативните коментари не го заобиколиле ниту медицинскиот тим кој ја извел процедурата. Научници, политичари и дел од црквата ги критикувале докторите говорејќи дека самата идеја е навреда за природата.

“Беше навистина страшно, земајќи во предвид времето кое на луѓето им беше потребно тоа да го состават и да го испратат преку светот на едно тримесечно бебе, би рекла дека тоа е боле н чин на некои бол ни умови”, напишала Луиза.

Сепак, имало и огромна поддршка. Заедно со овие писма, пристигнувае и оние преполни со љубов, посебно од парови, кои како и нејзините родители, со години безуспешно се обидувале да добијат бебе.

Foto: New York Times

Живее како целиот нормален свет

Иако дошла на свет “под светлината на рефлекотрите” Луиза со тек на времето западнала во пријатна анонимност. И така и одговара. Денес живее повлечено во Бристол со мажот Весли и двете деца зачнати по природен пат. Таа работи на бродоградилиште.

За последен пат изјава за медиумите давала по повод својот 40. роденден, односно четири децении од првото вештачко оплодување. Тогаш во шега изјавила дека би сакала нејзиниот роденден да биде нејзина приватна работа но и дека и е јасно дека нејзиното раање одбележило нова ера во развојот на медицината и дека и е навистина мило поради тоа.

Иако, повод четири децении од овој настан, изјавила дека би и било многу помило нејзиниот роденден да биде нејзина лична работа, таа е среќа поради фактот што со нејзиното раѓање започнала историја која денес ја прославуваат помеѓу 6 и 8 милиони бебиња родени со постапка на вантелесни оплодување, сите нивни семејства, науката и посебно медицината.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*