Овие 10 знаци јасно покажуваат дека вие би требало да живеете сами

Цимерите на некои луѓе им се вистински проблем во животот.

Да се има цимер, за некои луѓе е остварување на соништата, но за некои тоа е сценарио од ноќќен кошмар. Зошто? Од проста причина што некои луѓе се едноставно создадени за живот сами со себе, или пак евентуално со некој кој со нив би плаќал сметки по пола, а би патувал низ светот десетина месеци годишно. Во станот би бил оние два месеци кога сте, секако, и вие надвор од станот, односно да речеме на годишен одмор.

1. Не можете да спиете доколку во собата не е апсолутна тишина. Ви пречат туѓите звуци, па дури и звукот на туѓото дишење.

2. Понекогаш станувате ирационално агресивни само затоа што некој е во ваша близина. Она што го цените повеќе од се е вашето слободно време во кое уживате во целосна самотија.

3. Едноставно не можете да сфатите зошто некој валкана чинија или шолче би го оставил во кујната или во судоперот наместо едноставно веднаш да го измијат или да го одложат во машина за миење садови. Помислата на нередот во станот во истиот момент го расипува вашето расположение.

4. Обожавате сами да се излежувате на креветот додека уживате во омилените серии и филмови и ви е крајно незамисливо некој тоа време да го дели со вас или да предлага да гледате нешто друго.

5. Доколку само замислувањето на ситуацијата дека тргнувате кон фрижидерот со желба да изедете или испиете нешто, и штом го отворите, сфатите дека тоа повеќе го нема, во вас предизвикува вистинско лудило, вие воопшто не можете да помислите на заеднички живот со некој друг.

6. Имате толку облека, што без разлика колку ормарчиња имате во станот, секогаш ви недостасува место. И не ви паѓа ниту на крај памет да ги делите драгоцените капацитети на гардероберите со некој друг.

7. Нема ниту најмала шанса да би трпеле нужда исчекувајќи некој да излезе од тоалетот.

8. Вашите утрински и вечерни ритуали на разубавување и нега на лице и тело во никој случај не смеат да бидат работа на преговори. Кога се во прашање таквите работи, не постои место за преговарање или компромис. Дури ниту во најлудите мисли.

9. Обожавате своето слободно време да го поминувате со минимум алишта на вас додека сте дома. Или барем прилично. И не ви паѓа на памет да си го скратите тоа задоволство, поради соживот со некој.

10. Мразите да делите! Било што! Не сакате да го делите тоалетот, гледањето телевизија, храната, ниту било што друго. Не сакате ниту со некој друг да го делите воздухот! И точка!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*