Карантин во Македонија – Приватниот сектор да зема цела плата од државен буџет, а администрацијата на минималец, предлог на граѓани

На социјалните мрежи деновиве можат да се сретнат се повеќе дебати за тоа како да се реши новонастаната ситуација во Македонија и дали навистина карантинот е решение за ситуацијата во Македонија?

Во коментари под една од објавите поврзани со новонастаната ситуација, со предлог се јави и Марија Н, а нејзиниот предлог дефинитивно привлече огромно внимание, како на читателите, така и на медиумите во Македонија.

Иако граѓаните се дефинитивно загрижени за опасноста на новонастаната ситуација, сепак може да се види дека тие се многу повеќе загрижени за економската стабилност во наредниот период.

Предлогот на Марија ви го пренесуваме во целост:

“Имам предлог до министерството и комисијата за за ра зни бо лести. Во ред, ставете не во карантин, меѓутоа на луѓето од приватниот сектор да им се исплаќа цела плата од буџетот, а администрацијата да биде на минималец. Пролетниот бран тие седеа дома и земаа цела плата, а ние од приватниот сектор бевме на минималец, сега ротирајте, нека бидат тие некој месец на минималец а ние да земаме цела плата. Нели вашиот концепт е едно општество за сите? Или не, ова општество е само за административците? Да се тресеме ние во сред па нд е мија дали ќе останеме без работи и дали ќе имаме пари да си купиме леб и да платиме сметки, а некои привилегирани да немаат гајле и капак на се да гракаат “карантин, каратин, што чекате”…”

Какво мислење вие имате на оваа тема?

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*