Како не ви е срам? Поклонила погрешна чанта на сиромашните, ја вратиле кога виделе што има внатре

Не можела да верува каква грешка направила.

Една Британка од северот на островот го доживеала најголемиот блам во животот, кога испратила погрешна торба во детско сиропиталиште.

Неименувана жена претходно ја средувала куќата и за жал, бидејќи има три идентични торби, направила грешка при редењето на нивната содржина. Бидејќи во една се наоѓале нејзините приватни работи како некои списанија, играчки и топчиња, таа ја испратила токму оваа чанта во сиропиталиште.

Била убедена дека во таа чанта се наоѓаат играчки за деца, гардероба и стара облека, како и пенкала и тефтери. Така, своите најинтимни работи ги однела во установата, потпишувајќи дури и договор со оставање на бројот на телефон во случај нешто да не е во ред.

Уште следното утро и заѕвонил телефонот.

“Како не ви е срам? Како можевте ова да ни го подготвите? Мислите ли дека несреќните деца ќе започнат да си играат со вашите помагала?” ја запрашале од домот.

Дури тогаш сфатила што направила. Ја прекинала врската и заминала во соба да ги погледне останатите чанти. Тогаш и се слошило.

Кога дошла на себе, ги однела вистинските работи во сиропиталиштето и се извинила за непријатната ситуација, поради што нејзе и било најтешко.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*