Исповед на офицер на ЈНА на кој Света Петка му го спасила животот: Бегав од германска патрола со кучиња и влегов во црква

Светицата на многумина им се прикажала во сон, им го спасила животот и ги извела на вистински пат.

Чудесните видувања на Света Петка која ја празнуваме на 27. октомври се случуваат и денес – светителка која помага во болести и неволји, но и ги предупредува оние кои грешат. Вековите поминуваат, а приказните за светителката и понатаму допираат до срцата на верниците.

Еден офицер на ЈНА и член на тогашната неприкосновена Партија, бил затечен на колена на подот на белградската капела вдлабната во карпа под ѕидините на тврдината Калемегдан, посветена на Света Петка. Кога некој од верниците го прашал како тој, како воено лице, толку слободно ги прикажува своите верски чувства иако Партијата го забранува тоа, а тој одговорил:

“Оваа црква ми го спаси животот. За време на Втората светска војна јас овде во близина бев нападнат од страна на германска патрола и гонет со полициски кучиња кои ми беа зад петици. Спасот го побарав во оваа пештера – црквичка која тогаш немаше ниту врата која би можеше да ме заштити од кучињата. Откако влегов во црквичката, очекував дека кучињата ќе влезат и ќе ме растргнат пред доаѓањето на патролата. Меѓутоа, кучињата стигнаа и лаеја, но не влегоа понатаму од прагот.

Потоа пристигнаа и полицајци и еден од нив чекореше внатре со пиштол и батерија. Во тој момент пред мене однекаде се појави жена во црно одело, застана пред мене и ги рашири рацете за да ме заштити.

Војникот шараше со батеријата и преку мене и преку сите ѕидови и агли во капелата, и не ме виде. За него бев невидлив! Војниците заминаа понатаму, а жената во црнините исчезна. Дури после два часа собрав храброст да излезам од капелата, не знаејќи дали луѓето кои ме гонеа се во близина, но надвор се беше мирно и делуваше многу смирено. После дознав дека оваа црквичка е посветена на Света Петка. Фрлајќи поглед на иконата, видов дека таа беше облечена во црн фустан, и така ја препознав. Таа ми го спаси животот, и затоа овде доаѓам за да и се заблагодарам”.

Необична е, на ист начин зачувана, приказна од селото Витановца кај Краљево, која сепак среќно се завршила. Домаќинката од семејството излегла на пат да го пречека автобусот со кој требало да пристигне нејзиниот маж, да му мафне со раката да не излегува од автобусот никаде во селото, туку да побрза дома поради некои обврски. Бил празник. Чекајќи го автобусот се случува на неа да налетало комбе, при што изгубила свест.

Се осветсила во болница, токму кога примала инекција. После заминувањето на болничката, се појави “жена во црно покрај креветот”.

“Требало детето да ти страда, но ти го замени. Немој да го обвинуваш возачот кој те прегази. Кога ќе оздравиш, оди во црквата на Света Петка и запали среќа..Зошто работеше во петок? И зошто воопшто работиш во недела?”

Кога потонала во сон, таа ја видела внатрешноста на црквата Света Петка и распоредот на икони на ѕидот. Кога излегла од болница, заминала во црквата на Света Петка и тоа му го раскажала на старешината, пишува српскиот портал Објектив.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*