Што сакаат жените? Да мирисате поинаку од нив и да имате една карактеристика како нивниот татко

Ова е добитната комбинација за секоја жена, а веруваме дека можат да ја исполнат поголемиот дел од денешните, модерни мажи.

Според новите истражувања, жените се најпривлечни за мажи кои мирисаат целосно различно од нив, но физички се најслични со нив.

Експертите, кои во текот на истражувањето на жените им поделиле маици кои ги носеле различни мажи, а кои требало да одговорат кој мирис за нив претставува најпривлечен, велат дека апликациите за запознавање, во овој случај, не се од некоја голема корист.

Сите до една од тестираните жени се одлучиле за природниот мирис на телото кој целосно се разликува од нивниот.

Исто така, истражувањата откриле дека жените секогаш попрво ќе го забележат мажот кој има слична, или целосно иста боја на очите како нивниот татко.

Иако многумина сметаат дека физичкиот изглед не е важен, истражувањето кое е објавено во магазинот Personality and Individual Differences покажало дека совршениот партнер од жената е повисок точно 21 сантиметар.

Жените, можеби најмногу го сакаат мирисот на телото кој е поианков од нивниот, но ќе ги сметаат мажите за попривлечни доколку звучат исто како нив.

Канадските истражувачи ги снимиле гласовите на 30 волонтери и ги прашале меѓусебно да се оценат од 1 до 9. Сите биле повеќе наклонети кон гласови кои имале сличен нагласок и изговор како тие самите.

Во избирање на партнерот уште една карактеристика играла голема улога – тоа биле долгите нозе.

Истражувањето објавено во магазинот Royal Society Open Science покажало дека жените, но и мажите, обожаваат кога спротивниот пол има подолги нозе.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*