Тоше Проески извадил 500 денари од џебот и му рекол на продавачот: “Те молам оди си дома, не можам да те гледам како киснеш”

13 години од смртта на нашиот анѓел Тоше Проески. Тоше Проески бил роден на 25 јануари 1981 година, а загинал на денешен ден во 2007 година. Тој е најпознатиот македонски пејач и еден од најпознатите балкански музички уметници.

Тој имал блиска соработка со познати ѕвезди како Џеф Бек, Григор Компор, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ Миро Буљан, Антонија Шола, Тони Цетински, Ања Рупел и многу други влијателни балкански и светски музичари и композитори.

Подемот на кариера на Тоше Проески започнал по изведбата на песната Твоите бакнежи на моите бели кошули на Скопскиот фестивал во 1999 година. Во 2004 година бил прогласен за Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ. Постхумно е прогласен за заслужен граѓанин на Македонија.

Денот на неговиот погреб, 17 октомври, бил прогласен за Ден на национална жалост. Тоше е добитник на Хуманитарната награда Мајка Тереза, а на 5 октомври 2007 година Тоше го одржа својот последен концерт на Градскиот стадион во Скопје. Првиот контакт на Тоше со сцената датира од времето на Златно славејче, каде што настапува на 11-годишна возраст со “Јас и мојот дедо” на влашки јазик.

Четири години по првиот настап на Златно славејче, следува учеството и првата фестивалска победа на тин-фестивалот Мелфест во Прилеп, каде што пред присутните пее песна од Битлси. Во 1997 година дебитира на Макфест со темата “Пушти ме, а веќе следната година настапува и на Скопскиот фестивал со “Остани до крај”. Во 1999 година на музичкиот пазар се појавува неговиот деби албум насловен “Некаде во ноќта”. Во 2011 година отворена е спомен куќата на Тоше Проески во Гумење (Крушево) за сите љубители и обожаватели на Тоше, почитувачи на ликот и делото, како и за оние кои сакаат да го доживеат одблиску животот кој Тоше го водеше.

Заштитен знак на Тоше Проески бил “Ве сакам сите”, а ова се неговиот најпознати изјави кои вечно ќе се паметат и ќе не потсетуваат на него:

„Не пеам за партиите, тоа се проколнати пари. Подобро парите што мислеле да ми ги дадат, да ги поделат на сиромашните“

„Да имам огромна моќ, макар и накратко, би направил да исчезне омразата и злото и луѓето меѓусебно да делат љубов.“

„Кога ќе ви одземат сè, ќе ви останат двете раце, составете ги една до друга за молитва. Тогаш ќе бидете НАЈСИЛНИ.“

„Не сакам да ми симнувате капа. Само сакам да се гордеете со мене.“

„Моето животно мото е „Како Господ никој не е – Сè е во божјите раце.“

„Никогаш не би се одрекол од пријателите, секогаш би бил крај нив, во добро и во зло. Во доброто за да се радувам на успехот, а во злото за да помогнам.“

„Суштината на животот е да се сака, да имаш некој што те сака, да си сигурен дека те сака и дека е само со тебе.“

„Мојата публика за мене е најголема радост. За нив пеам, живеам и знам зошто ме сакаат, затоа што никогаш не се штедам, дури и по цена да паднам во несвест од замор после концерт. Апсолутно не се штедам кога е во прашање музиката и публиката.“

„Верувам во Бога и единствено него можам да му се заблагодарам за дарот кој го имам, затоа што ова што го правам го сметам за мисија која Тој ја извршува преку мене. Јас сум само марионета.“

„Целта на мојот живот не е кариерата, туку контактот со луѓето, таа можност со нив да разменувам енергија. Сакам на сите околу мене да им влијаам позитивно, тоа е мојата мисија.“

„Цел свет е убав кога си насмеан. Кога си нерасположен, те нервира и сончев ден.“

„За љубов би се борел до крај. За љубовта на личност што ми е драга, било да се работи за член на семејството, девојка или пријател. За љубов сум спремен на сè!“

„Ете популарен сум, ѕвезда сум, односно вие велите дека сум ѕвезда. Исто така велите дека сум хуман, но човек секогаш може да биде похуман од тоа што е.“

„Човекот мора да остане човек, без оглед на тоа со што се занимава и каков успех постигнал.“

Тоше Проески освен како голема музичка ѕвезда, бил познат и како голем хуманист, човек, чија рака е секогаш подготвена да даде, и чие срце секогаш е подготвено помогне. Во продолжение можете да прочитате дел од хуманите дела, на нашата најсакана музичка ѕвезда.

Неколку години пред да го напушти овој свет, една врнежлива вечер Тоше застанал со автомобилот до Рафит, кој продавал весници на булеварот „Партизански одреди“. Тој го прашал Хасани колку заработува во една вечер, на што добил одговор: „Околу 150 денари“. Без воопшто да размислува, Тоше извадил 500 денари од џебот, му ги дал на продавачот и му рекол: „Те молам оди вечерва дома, не можам да те гледам како киснеш“.

„Случајно во една болница во Скопје се сретнал со наши сограѓани. Ги поврзал со некои лекари. Потоа им понудил додека траат испитувањата да седат кај него дома. Останале една недела. Им дал пари и за операцијата. За среќа, сè добро се завршило”.

“Постар пријател на татко ми, кој сега е починат, сонувал како некој го води на место каде што порано имало манастир. И навистина се случило тоа – на посоченото место од сонот, татко ми и другарите ги нашле темелите кои биле длабоко закопани. И оттогаш почнала неговата изградба, тешко се собирале средства, но некако по 13 години успеале да го направат манастирот, без вода и струја, а тоа беше најтешкиот дел. И мислам дека од моментот кога татко ми почна да ја гради таа црква со другарите, се промени целата ситуација во моето семејство, пред сè, егзистенционалната. Самото споменување на тоа ме потресува до ден-денешен, а татко ми секој ден е таму и се грижи за сите тие работи. Признавам и чувствувам дека мојот живот, а и на целото семејство, се промени откако почна да се прави манастирот. И никогаш нема да заборавам ниту на Македонија, ниту на Крушево, ниту на манастирот, зашто целата моја слава, здравје, и среќни ситуации кои ми се случуваат секојдневно му ги должам токму на тој празник – Св. Преображение.

Како заштитно лице на кампањата “Пријатели на Клиниката за детски болести”, Тоше беше најзаслужен за целосното реновирање на Одделот за хематологија и Клиниката. Тој неколкупати ги имаше и посетено децата сместени таму за да ги израдува не само со подароци, туку и со своето присуство.

Душица имаше само 3 години кога беше ранета со куршум во стомакот. Инцидентот се случи за време на војната во 2001 година во Тетово. Откако Тоше дознал дека девојчето посакува да се запознае со него, тој веднаш се појавил во домот „25 мај“ каде било сместено тоа. Мало дело за исполнување на голема желба.

Тоше Проески многупати учествуваше во крводарителски акции, постојано залагајќи се за да ја подигне свеста кај луѓето за важноста на дарувањето на крв. Во негова чест, од 2010 година наваму, двапати годишно, во јануари и октомври, се организираат вакви акции.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*