Професор за солзи: 8 години ги учи луѓето како да плачат, причината ќе ве воодушеви

Фото: BBC

Она што го прави во неговата училница е едноставно неверојатно.

Постојат секакви учители на светот, но малку кој, веројатно само овој, има курс за ученици кои ги учи како да плачат.
Хидефуми Јошида е “професор за солзи”, односно така го нарекуваат минувачите кои доаѓаат на курс за да научат на кој начин преку плачење да се ослободат од стресот.

Обично, тој работи со луѓе кои во секојдневниот живот не плачат поради ништо, а имаат во себе насобран стрес или некоја тага од која не знаат како да се ослободат.

Јапонците се на светска листа на народи кои плачат на самото дно, бидејќи тоа едноставно не им е во генетскиот код. Јапонците се познати како народ кои со своите емоции управуваат уште од мали и тешко е да ги разлутите или да ги натерате да плачат. Поради тоа, Јошида се занимава со оваа јапонска проблематика.

Тврди дека во последните 8 години колку што држи курс, им помогнал на повеќе од 50.000 ученици да “започнат на плачат” и дека му се многу благодарни поради сето тоа. Целата приказна започнала од него, кој исто така не знаел “како се плаче” и како да се ослободи од насобраните стрес и тага.

“Мојата работа е да ги ослободам луѓето од стресот низ солзи. Важно е да плачете еднаш неделно бидејќи тогаш се чувствувате прочистено и имате доволно сила за претстојните предизвици. Плачењето е покорисно од спиењето или смеењето, покажале водечки светски истражувања на оваа тема. Учениците на овој курз учат да низ емотивни филмови, пејсажи во природата, гледање на стари слики или освежување на спомените успеат да заплачат бидејќи тој чин подоцна ќе им значи. Ниту јас до пред 8 години не бев сигурен дека знам како се плаче, но научив и од тогаш се чувствувам многу добро”, изјавил Јошида.

Погледнете го видеото во продолжение и дознајте како тој ги подучува своите ученици да плачат и да се ослободуваат од секојдневниот стрес:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*