Очаен потег: Невеста пред самата венчавка на својата другарка и понудила 100 евра за да го направи ова

Секоја невеста сака на својата венчавка да биде посебна, најубава и сите очи да бидат насочени кон неа и нејзината венчаница.

Дали некогаш ви испратиле покана за свадба во која имало низа на правила за тоа како треба да бидете облечени на свадбата се со цел да не ги прекршите соништата на младенците? Доколку одговорот е да, не треба да ве зачуди овој тренд, имајќи во предвид дека се повеќе невести имаат екстремна опсесија со својата свадба и со своите замисли околу самиот чин.

Затоа и важи непишаното правило да ниту една од дамите кои се повикани на свадба не смеат да се појават во бел фустан, но на една идна млада тоа не и било доволно.

Имено, на Фејсбук една идна невеста им се пожалила на своите следачи на изборот на фустан на една од гостинките која се определила за долг, елегантен фустан со цветен принт.

“Таа не е злонамерна. Дури и други ја убедуваат да го носи тој фустан, па дури и мојата мајка. Сигурна сум дека само сака убаво да изгледа на мојата венчавка и дека има добри намери”, ја започна невестата својата исповед, со образложение дека венчавката ќе биде мала и дека стравува од тоа дека нејзината другарка во толку прекрасен фустан би можела да го украде нејзиното внимание.

“Постојат и други фустани во кои може да блеска. Ќе ја замолам некако да го прекрои фустанот или да најде целосно друг фустан. Доколку сака нов фустан, ќе и понудам околу 100 евра да покријам дел од трошоците”, додала невестата.

“Доколку некој го носи тоа на мојата венчавка, би повикала полиција”, “Фустан кој како да вришти: Погледнете ме, не сум невеста, но би сакала да бидам”, “Што и е, има буквално илјадници други фустани”, беа само некои од коментарите на фејсбук.

Сепак, многумина застанаа во одбрана на девојката која избрала на венчавката на својата другарка да се појави во цветен фустан, имајќи во предвид дека секој е прекрасен на свој начин и дека невестата нема право да го наметнува своето мислење за дрес кодот на своите најдобри пријателки.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*