
Пред 13 години цела Србија и регион занемеа пред веста дека трагично настрадал македонскиот пејач Тоше Проески, пишува српскиот портал Блиц.
Тони Цетински (51), кој со Тоше во 2005. ја сними песната “Лагала нас мала”, е неутешен. Тој му посвети емотивна објава на социјалните мрежи.
-Не напушти физички, но само физички, брате мој. Не можам да верувам ниту ден денес дека недостасуваш и колку ни е се уште тешко што прерано си замина. Животот стварно не е фер – започна Тони, па продолжил:
-Се прашуваш каде сум и што правам? Плачам, да, плачам. На улица сум, секако, и дождот е одвратен, но твојата насмевка е надеж која на сите во денешното чудно и злобно време им е потребна. Ќе биде се во ред додека те имаме тебе кој не чувас со својата присутност, песни и сите добрини што си ги оставил на оваа планета. Ти си анѓел на добрината. Знам дека не чуваш, како што и ти мора да знаеш дека секогаш си во нашите молитви. Те сака братот – напиша Цетински.
Тодор Тоше Проески е роден на 25. јануари 1981. година во Прилеп, а 26 години подоцна трагично настрада во сообраќајна несре ќа во Хрватска, на 16. октомври 2007. година. Тоше дипломирал на Музичката академија во Скопје, а бил важен музичар и омилена личност ширум Балканот.
Тоше Проески позади себе остави голем број песни кои живеат и ден денес, благодарение на нив гласот на Балканскиот анѓел и поантаму се слуша и не дозволува да падне во заборавав. Сјаен пејач и уште подобар човек, чиј пат кон ѕвездите прерано е прекинат, оставвил длабока трага како на домашната јавна сцена, така и во светот.
Покрај песните, Тоше Проески остана запаметен по прекрасната насмевка и добрата душа. Им помагал на сите оние на кои помошта им била неопходна, го сакал своето семејство, своите пријатели и своите колеги, пишуваат српските медиуми за нашата ѕвезда.
Leave a Reply