Заљубена сум во најдобрата пријателка и таа во мене, а за мажите имаме посебен план

Тие две се наоѓаат во процеп помеѓу љубов и чувства кон своите мажи.

Преиспитувањето на животните одлуки е нормална работа, на некои му се случува порано, на некој покасно.

Анонимна жена испратила писмо до психотерапевтката Памела Стивенсон Коноли во кое ја раскажала својата необична ситуација.
Пријателка сум со една жена веќе година дена. На почетокот имав емотивна криза и ја замолив за поддршка.

Ми помогна во критичниот период и некако се зближивме. Неодамна сфатив дека кон неа чувствувам нешто повеќе од пријателство. Се испоставило дека итаа го чувствува истото некое време. Двете сме во долгогодишни бракови и имаме деца (нејзините се возрасни, моите се уште мали). Јас сум во раните 40ти, а таа во 50тите, и многу не загрижуваат чувствата кои ги негуваме една кон друга, поради недостатокот на животно искуство и ранливост која започна во оваа 2020 година. Не бев сигурна дека тоа е вистина.

Чувствата кои ги имаме една кон друга не можат да ги заменат чувствата кои ги имаме кон нашите мажи. Развод или предавство на нашите мажи? Поради емоциите кои ги негувате една кон друга, ова е прилично несекојдневна одлука. Наместо тоа, се обидуваме да се концентрираме исклучиво на нашето пријателство. Но, дали наивно мислиме дека со ваков пристап ќе станеме само емотивно оштетени?

Времето ќе го покаже своето

Психотерапевтката и порача дека преиспитувањето на ваквите животни одлуки се целосно нормална работа.

“Понекогаш тоа излегува добро, понекогаш не. Доколку вашите чувства се навистина силни, времето ќе го покаже своето. Дотогаш, добро размислите за целата ситуација и добро запрашајте се, што ве привлекува една кај друга. Можеби до целата оваа ситуација дошло бидејќи вашата пријателка ви била од голема поддршка, па емотивно сте се поврзале за неа и нејзиното присуство во вашиот живот”, одговорила познатата психотерапевтка.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*