
Ех, да можам да бидам Супермен.
Секој родител ќе се согласи дека грижата за децата е најважната работа во нивниот живот, но и лесно ќе признаат дека тоа знае да биде огромен физички, но и психички напор.
Впрочем, колку пати сте помислиле: Ех, да можат играчкиве сами да се соберат, или купот алишта да исчезне во секунда?
Или едноставно: Ех, да можам само малку да здивнам.
Тука ќе се согласите, сигурно не би било одвишок да имате некои од моќите на познатите суперхерои.
Затоа е и многу интересно кога 2.000 мајки и татковци одговараат на прашањето: Кои супермоќи би сакале да ги имате? А одговорите очекувано, се и повеќе од урнебесни.
На првото место на листата е невидливоста – па, сите знаат дека тоа е фактички единствениот начин да здивнете малку.
Бројот два на листата на супермоќи е летањето – понекогаш е неопходно за сите обврски да ги завршите во текот на денот.
Слично важи и за третата позиција на листата каде што се наоѓа патувањето низ времето – хм, враќање во минатото да ги исправиме грешките кои ги направивме како млади и неискусни родители? Звучи примамливо, зарем не?
И уште еден вид на постигнување на шест различни места во исто време е телепортацијата, која се најде на четвртото место на листата.
Петата е супер сила (логично, нормален човек не би можел сето тоа да го издржи), а на шестото место се најде способноста за исцелување (збогум на повредените колена и џунки на главта).
Седмопласираната супермоќ е телепатијата – па кој родител не би сакал да ги прочита мислите на своите мали наследници, и спречи сите тие непослушни идеи да се реализираат?
На осмото место е супер брзината, потоа следи можноста за разговарање со животни и супер интелигенцијата.
А помеѓу интересните супермоќи кои се најдоа на листата во Топ 20, се наоѓаат и невозможноста да се биде ранет и човечки детектор за лаги.
Leave a Reply