Единствената причина поради која многумина не би можеле да живеат во Австралија (ВИДЕО)

Лежерно отстранување на питон е видео кое ќе ви го разубави овој тмурен и дождлив ден, Австралијанците се посебен тип на луѓе. Зошто? Погледнете во продолжение.

Австралијанците се навистина посебен народ, а тоа го докажува и акцијата за спасување која експресно се прошири на социјалните мрежи.

На социјалните мрежи кружи снимка која ја објави полицијата од Куинсленд (Австралија), а на која е забележана интервенција во која полицајка отстранува питон од ногата на девојката која ја повикала полицијата на помош.

Имено, питонот влегол во гаражата во која работела девојката, но нејзината мачка набрзо ја избркала змијата под автомобилот.

Жената се обидела да го извлече питонот, но двометарската змија ја гушнала нејзината нога и никако не попуштила.

Бидејќи не успеала сама да ја ослбоди својата нога, девојката на помош ја повикала локалната полиција, а со заеднички сили успеала да ја ослободат и змијата и нејзината нога. Притоа, било интересно да се види како сите вклучени во акцијата за спасување биле целосно смирени, како да станува збор за секојдневна ситуација. Замислете ова да се случи во Македонија?

Полицајката на крај ја запрашала жената дали и треба помош при враќањето на питонот во стакларникот, на што жената, која цело време била смирена како змијата да и е домашно милениче, изјавила дека питонот е див. Полицајката мислела дека змијата е домашно милениче веројатно и затоа што ја затекнала девојката како го гали питонот кога пристигнала на нејзината адреса.

Снимката од акцијата за спасување која сигурно ќе ви го поправи овој тмурен и дождлив ден, можете да ја погледнете во продолжение:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*