Уникатен дизајн: Кревети кои штедат простор се сон за секој на кој му фали уште една соба во станот (ВИДЕО)

Мултифункционален мебел кој е едноставно неверојатен.

Дали постојано се жалите дека станот не ви е доволно голем и дека ви треба уште малку простор за да бидете целосно задоволни?

Можеби она што ви треба е мебел кој штеди простор.

Во последно време, се повеќе се работи на дизајн на мебел на преклопување, кој во еден момент служи за еден вид на употреба, а веќе во следниот момент има целосно поинаква намена.

Очигледно е дека секој кревет зазема голем дел од собата, но што би било кога би можеле да во неколку секунди, го спакуваме и го прилепиме на ѕид?

Во светот веќе постојат голем број вакви кревети, но не и само тоа – тие можат да послужат во текот на денот како библиотека, работна маса, па дури и како наткасна за телевизор, а кога ќе ги свртите, стануваат вашето место за спиење.

Што е најдобро од се, ова уникатно парче мебел зазема неверојатно малку простор и никој никогаш не би рекол дека позади сето тоа се крие вистински кревет.

Со овој мултифункционален мебел никогаш повеќе нема да жалите за недостатокот на соба или простор во станот.

Погледнете ги најкреативните решенија, кои штедат простор на неверојатен начин:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*