Мајка објави прекрасна фотографија од семејството, а потоа поставила одвратно прашање

Никој не можел да поверува што сакала таа.

Не е тешко да ги испровоцирате корисниците на Твитер. Доволно е само малку да бидете непромисливи, своеглави и да отстапувате од калапот при јавното изнесување на некој став.

Една мајка доживеала вистински вербален ли нч бидејќи во една Фејсбук група поставила многу чудно но и помалку без образно лично прашање, па нејзината приказнае подоцна е пренесена и на Твитер.

Мајката барала услуга во Фејсбук групата Photoshop Fairy Connection – објавила семејна фотографија на која позира со своите синови и посинокот.

Потоа ги прашала луѓето во групата знае ли некој како се брише некој од фотографијата, бидејќи не го сака посинокот на фотографијата туку само своите синови!

“Може ли некој да го отстрани детето во средина?”, прашала таа нудејќи и награда од 10 долари за личноста која ќе го направи тоа. Не траело многу за нејзината преписка со еден фотограф од групата да се објави на Твитер, а тука започнаа лавина коментари.
“Срам да ти е, така не се поставува со деца кои не се твои. Џуб ре”, “Имам кнедла во грло од приказната. Таа никогаш нема да исчезне”, “Не се впуштај во врска со некој кој има дете, доколку не си подготвена тоа дете да го гледаш како свое. Децата заслужуваат подобро”, “Се надевам дека ова момче ќе порасне и ќе стане подобра личност отколку оваа жена што некогаш ќе биде”, беа само некој од коментарите, додека оние со пожестока содржина нема да ги објавиме.

Едно во меѓувреме е откриено – жената после ова прашање ја напуштила Фејсбук групата бидејќи доживеала огромен број на критики упатени на нејзина сметка.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*