Исповед на девојка на која и симнувале црна маг ија: Морала да го направи ова, а потоа животот и се променил

Се започнала со една средба на улица.

Многу луѓе во момент на очај во животот им се обраќале на жени кои се занимаваат со отстранување на црна маг ија и правење амајлии. Оваа исповед на девојка, која поради проблемот кој го имала, но и една необична средба, одлучила да им се обрати на луѓето за кои слушнала дека можат да и помогнат во решавањето на нејзиниот проблем.

Отсекогаш сум имала проблеми, но тоа не биле некои огромни проблеми, туку толку да никогаш не го добивам она што го сакам, ми исчезнуваа шанси пред нос, луѓето некако се менуваа во мојот живот, но никој не се задржуваше. Имав проблеми со добивање на работа, бидејќи секогаш, од некоја недефинирана причина ме отпушаа, а момците како да не ме забележуваа, како за нив да бев само воздух.

Едноставно, мојот живот со години беше запрен и не знаев како да се извлечам од целата таа ситуација, а тогаш ми се случи средба која засекогаш ќе ја паметам.

Беше тоа еден ден кога на улица чекав зелено светло на семафор, на пешачки. Некој ме праша колку е часот, а кога се свртев здогледав сосем необична жена. Имаше крупни зелени очи, кои ми изгледаа како да ме скенираат, носеше шешир и имаше наметнато некаков шарен шал. Беше тоа ладно октомвриско утро, баш како и сега, а јас бев помалку во своите мисли, не посветувајќи во целост внимание на деталите и нејзината необична појава која и денес ја паметам.

Одговорив механички, а потоа таа ми се обрати:

-Знаеш што, тебе животот ти застанал. Еве те гледам и не гледам ништо, ништо, само едно големо ништо. Мораш нешто да направиш од својот живот, постои начин, но е се е во твоите раце – изјави гледајќи низ мене.

-Што да правам – одговорив збунето.

-На тебе е фрлена црна маг ија, една жена многу те мрази – одговори таа.

-Не верувам во тоа – одговорив.

-Послушај ме, еве ти адреса – ми рече и ми стави ливче во раката, а потоа брзо ја премина улицата и се упати во целосно спротивна насока од мојата, така што со брзи чекори ми изгледаше како да бега од мене.

Неколку дена подоцна, после неколку непроспиени ноќи, разни грижи, мисли и кошмари, одлучив тоа да го направам. Ќе се упатам да побарам помош.

Кога стигнав на посакуваната адреса, беше тоа сосем обична куќа, ми отвори жена со широка насмевка на лицето, едносставна и тотално неупадлива.

-А тоа сте вие влезете – ми рече таа.

-Дали се знаеме? – ја запрашав.

-Не, но го очекував вашето доаѓање, ми рее. Побрзајте, немаме многу време – ми рече и двете бевме од другата страна на вратата, во нејзината куќа.

На масата имаше разни тревки и некакви книги со тврди корици како што некогаш одамна се печателе, но кориците беа стари и насловите на книгите одамна избришани.

-Слушај девојко, на тебе е фрлена маг ија, за животот да ти запре, твојот живот мора повторно да тече, да ти се случуваат работи, да запознаеш луѓе и да се движиш – ми рече таа.

-Ова е црвена ткаенина, оди во време кога денот се раѓа на реката, но некаде каде што таа тече и фрли ја оваа ткаенина низ вода, мора да замине со водата. Овие четири јајца секоја вечер фрли ги на раскрсниците на патиштата кои сама ќе ги избереш. Фрли ги позади себе, позади грб и не се врти, мораш да продолжиш право после тоа. Сега она најважното, ова се тревки со кои ќе се искапеш и ќе го изговориш она што ти го запишав на ова ливче. После тоа помини три пати низ овој обрач од црвен конец. Сето тоа мораш да го направиш во наредните четири дена до ноќта на полна месечина. Оди сега и дојди за четири дена – ми рече таа.

Мислев дека ќе ме фане срцето тогаш од налет на емоции, адреналин, необјасниви сензации во телото кои се мешаа, а стравот беше дефинитивно најсилен. Направив се како што ми кажа без приговор и излегов по град и завршив се што ми кажа, надевајќи се дека некој нема да ме види и благодарејќи на бог што не е среден век, па да ме спалат на клада. Но бев очајна, мојот живот не постоеше, буквално, во него немаше ниту среќа, ниту тага.

После четири дена повторно ме прими.

-Добро си направила. Земи ја оваа амајлија која ти ја подготвив и никогаш не се одвојувај од неа – ми рече.

После ова, добив понуда за работа во друг град, се отселив, а мојот живот започна со сосема друг тек, целосно се промени. Денес, имам впечаток дека тоа бил некој друг живот од порано, а дека овој ден е нешто сосем друго.

Не велам дека денес живеам совршено, но се смеам, плачам, сакам и се радувам на секој ден кој доаѓа. Денес сум опркужена со луѓе кои ме сакаат и кои ги сакам, и работите едноставно течат.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*