Вистински среќници: Луѓето со кафеави очи имаат необична моќ

Бојата на очите првенствено ја одредува количината и распределбата на пигментот меланин, а од дамнешни времиња, бојата на очите се поврзуваат и со карактерот на луѓето.

Еве што бојата на очите открива за вас.

Сини очи

Сината боја на очите е генетски рецесивна карактеристика, атоа е помалку присутна ширум светот. Таа боја на очите се формира како резултат на недостаток на пигменти, а синилото е всушност резултат на распрскувањето на светлина која се одбива од шареницата (ирисот) на окото. На светот, само околу осум проценти од луѓето имаат сина боја на очите.

Сината боја на очите е интезивна и се поврзува со небото, енергијата, електричниот набој и рационалното размислување. Луѓето со сини очи се сметаат за пристапни, шармантни и пријателски настроени. Освен тоа што се многу спонтани, подготвени да испробаат нови работи и имаат развиена духовна страна, тие се одлични во забележувањето на работите кои другите луѓе ги испуштаат, а најголема мана им е зборливоста, нетактичноста и брзоплетоста.

Зелени очи

Очите со оваа боја често се мешаат со очите со боја на лешници, но тие се целосно различни. Основната разлика е во тоа што тие во себе немаат кафеави делови. Оваа боја се смета за најретка на светот, а ја имаат само околу два проценти од светската популација.

Зеленилото доаѓа од малите количини пигменти во окото, но поголеми за разлика од сините, со комбинација на златно-жолти нијанси, посебно околу шареницата (ирисот) на окото.

Зелената боја на очите симболизира харизма, иновативност, младост и здравје. Луѓето со зелени очи се опишуваат како љубители на авантурата и сите видови на уживање во животот. Овие луѓе се добри говорници, снаодливи во општеството и ретко се осамени.

Тие се страсни љубовници, но во љубовта понекогаш се превртливи и ниту самите не знаат што сакаат, додека во другите подрачја од животот воопшто не е така. Нивната мана е тврдоглавоста, склоноста кон манипулации и љубомората.

Сиви очи

Оваа боја често се заменува со сината, но ваквите очи навистина делуваат сиво – односно сребренкасто. Како и зелените очи, и оваа боја е многу ретко, а имаат уште помалку пигменти за разлика од сините очи.

Ваквата боја на очи најчесто може да се сретне во источно европските земји.

Сивата боја на очите поприлично ретко се сретнува, а таа симболизира мудрост и цврст карактер. Луѓето со оваа боја на очите се опишуваат како родени лидери, кои можат да пронајдат решение иако никој друг не може да го види. Лесно се прилагодливи, смирени и се вистински љубители на природата. Не се претерано отворени, но се многу романтични и сензибилни. Имаат рационален став во животот, верни се и склони кон долги врска. Нивната најголема мана е претераната емотивна чувствителност.

Очи со боја на килибар

Оваа боја е варијација настаната од кафеава, со нешто помалку пигменти, но со додаток на бакарни и златни нијанси. Тој жолтеникав ефект доаѓа од пигментот липохорма. Ваквата боја на очи ја имаат само околу два проценти од светската популација.

Луѓето со вакви очи се сметаат за многу темпераментни, полни со страст и хиперактивни. Многу се предани кон се што прават, натпреварувачки се настроени и обожаваат да привлекуваат внимание. Освен тоа, за нив се вели дека се таинствени, несклони кон делење на сопствената приватност и тешко заљубливи. Сепак, доколку се заљубан, тие се претерано посветени, а нивната мана им е нетпреливоста и желбата за расправање.

Кафеави очи

Оваа боја на очи ја имаат најголем процент од светската популација – преку 55% од нив. Кафеавата боја е доминантна генетска црта, а кафеави очи имаат речиси сите жители од Азија и Африка. Кафеавата боја на очи е типично потемна од сите други, а понекогаш доаѓа во интензивно темна нијанса која изгледа скоро како црна, иако црна боја на очи не постои.

Кафеавата е силна и богата боја која се поврзува со енергијата на земјата, креативноста, упорноста и плодноста. Луѓето со кафеави очи, кои се воедно и најчести, се сметаат за емпатични, независни и доверливи. Исто така, кафеавата боја претставува и силен инти мен нагон, желба за дружење и екстраверитираност. Материјалните работи не им се толку важни колку и хармонијата во односите и положбата во општеството. Нивна мана е повремената молчеливост, но и чувствителното его.

Личностите со кафеави очи не се ниту свесни колку необични моќи имаат. Се смета дека луѓето кои имаат кафеави очи имаат необична моќ која им помага да освојат доверба кај другите луѓе.

Благодарение на ова обележје, луѓето со кафеави очи влеваат доверба, дури и во моментот кога воопшто не се свесни за тоа.

Од таа причина имаат подобра комуникација и инспираат луѓе целосно да им се отворат. Всушност, таа моќ може да ги поттикне луѓето да ги откријат своите најголеми тајни. Истражувачите заклучиле дека тоа е една од главните причини зошто лицата кои имаат кафеави очи имаат и најголем круг на пријатели.

Луѓето со кафеави очи сакаат да уживаат во животот во целост. Оваа информација ја потврдиле дури и психолози, тврдејќи дека пациентите со кафеави очи имаат силна желба за живеење на животот под полна пареа.

Очи со боја на лешник

Оваа боја на очи е слична на кафеавата, но обично има нешто посветла нијанса, со повеќе зелено-жолти нијанси. Ваквите очи имаат поголема концентрација на пигментот меланин во работ на шареницата (ирисот). Бојата на очите може да зависи од светлото, па така можат да попримат и бакарни, зелени и кафеави тонови. Во светот, оваа боја на очите ја имаат околу 12 проценти од сите луѓе.

Луѓето со очи со боја на лешник, често се опишуваат како бестрашни и подготвени за сите животни предизвици. Обично се убави и привлечни, иако во заведувањето не се агресивни, ниту пак директни, туку достоинствени. Во полето на работата се способни, но понекогаш мрзливи. Нивната мана е тоа што често се склони кон делење памет на другите.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*