Анастасија е Инстаграм модел и ги има најголемите образи на светот, но сепак тврди дека и се мали (ФОТО)

Досега потрошила повеќе од 100.000 денари на филери и не планира да запре.

На интернетот навистина можете да пронајдете се и сешто. Но, тоа е целосно во ред, бидејќи, знаете како велат – сто луѓе, сто чуда.

За тоа сведочи и примерот на една девојка од Украина, која ја носи титулата личност со најголеми образи на светот, но таа и понатаму смета дека нејзините образи не се доволно големи.

Имено, настасија Покрешчук (30) за прв пат вбризгала филери во јагодчињата пред само четири години, но нејзината опсесија со образите од тогаш непрекинато расте. Најлошо од се – не планира да запре.

Тврди дека е заљубена во својот одраз во огледало и се смета себе си за прекрасна жена, а мислењата на социјалните мрежи за оваа девојка се поделени. За едни, таа претставува идол, а други се згрозуваат со нејзината појава и неретко и оставаат различни коментари. Некои од нив се позитивни, некои негативни. Но сепак, Анастасија не посветува внимание на тоа, туку ужива во својата популарност.

Но, образите не се единственото нешто на нејзиното лице кое има филери. Таа го променила и обликот на своите усни, како и нивниот волумен, челото редовно го пополнува со ботокс, а вилицата и брадата и се исто така изменети.

Од скоро има и нови заби, таканаречени “Холивудска насмевка”.

Всушност, Анастасија имала толку многу измени на лицето што престанал да ги брои. Таа гордо ги споделува фотографиите на својот Инстаграм профил каде што ја следат повеќе од 22.000 следачи и истакнува дека го разбира фактот што нејзините образи “изгледаат чудно”.

“Ги обожавам, сакам вака да изгледаат и сум премногу среќна”, објаснила таа под една објава на својот Инстаграм профил.

Меѓутоа, иако живееме во време каде што, речиси се е дозволено, Анастасија на своја кожа почувствувала, колку некои луѓе знаат да бидат сурови. Од зак ани со см рт, па се до најдолни коментари како “Кој би оженил ваква” и слично, на оваа необична девојка и требало време да ја прифати и лошата страна на својата слава без да креира стресови за себе. Таа сега тврди дека сето тоа сега го прифаќа со насмевка.

Сепак, иако коментарите на суровите луѓе ги игнорира, исто така ги игнорира и предупредувањата на докторите и специјалистите, што и покрај огромната опасност која ја носи секое нејзино заминување под нож (пукање на кожата, некроза и слично), таа вели дека не планира да престане и дека образите се уштен е и се доволно големи.

Без разлика, секој ја избира својата естетика, и има апсолутно право да го прави тоа. За едни тоа е ужасно, на други пак им се допаѓа. Но, едно е сигурно, Анастасија никој не го остава рамнодушен.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*