7 тотално збунувачки работи кои мажите ги прават кога им се допаѓате

Кога станува збор за чувства и размислувања, мажите се прилично таинствени. Всушност, многу малку зборуваат за тоа – дури и кога се во исклучиво машко друштво. Денес, ќе ви разоткриеме некои работи кои мажите постојано ги прават кога им се допаѓате.

Не, не се само жените комплицирани – и мажите ги збунуваат жените редовно со своите нејасни сигнли кои оставаат многу прашалници. Му се допаѓате или не? Таквите прашања често си ги поставувате откако ќе запознаете некој нов лик. Често на жените во фаза на состаноци и излегувања им се префрла дека се тешки и комплицирани.

Меѓутоа, се заборава дека и мажите се исто такви! Редовно мора да погодувате што се крие позади нивното неретко чудно однесување. Хм, зошто би било едноставно, кога може да биде комплицирано? Ретко кој директно кажува што мисли и сака.

Наместо тоа, мажите ги прават овие чудни работи – се со цел, на индиректен начин да ви покажат дека им се допаѓате.

1. Воздржан е во разговорите

Доколку делува возздржано додека разговара со вас, тоа е знак дека му се допаѓате. Тој попрво би молчел и би ви дозволил вие да разговарате. Тоа често делува негативно – бидејќи се смета дека молчењето е знак за досада или дека се незаинтересирани. Меѓутоа, мажот ќе молчи кога сака да биде сигурен – односно, ви дава вам право да го водите разговорот за да го намали ризикот од грешка да ве “удави” со некоја своја тема. Има смисла, зарем не?

2. Не иницира телесна инти ма

Да, добро прочитавте. Доколку тој не се обидува да ве допре, тоа не мора да биде знак дека не му се допаѓате. Доколку полека реагира на телесна инти ма, веројатно се плаши дека ќе ја уништи врската која ја имате. Попрво ќе почека доволно време за да се создаде вистинска прилика, како и длабока поврза ност со вас. Хм, кој би помислил на тоа?

3. Делува помалку нарцисоидно

Кога конечно ќе почне да разговара со вас, често изјавува работи кои делуваат надувано и нарциосидно? И тоа е јасен знак дека му се допаѓате – сака да ве воодушеви и да ви покаже што може да ви понуди. Меѓутоа, тоа често заминува во погрешна насока, а кај вас буди негативно чувство – кој би рекол дека можете погрешно да го разберете?

4. Го има прелистано целосно вашиот инстаграм профил

Секогаш е еден од првите кои реагира на вашите објави? Океј, можеби тоа звучи малку застрашувачки, но тоа денес е сосем нормално. Доколку сте пробудиле интерес кај некој маж, тој со сигурност ќе ве проверува на социјалните мрежи. Нема тука ништо лошо.

5. Ве игнорира

Не се знае точно зошто, но мажите замислиле дека мора да ве игнорираат некое време – бидејќи тоа жените обично го сакаат. Меѓутоа, тоа не е во ред. Би било многу поубаво да им се покаже искрената заинтересираност која тајно тлее во мажите.

6. Тој станува екстремно напнат

Уште еден знак дека му се допаѓате е тоа што тој е екстремно напнат, кога е во прашање однесувањето и говорот на телото. Седи наспроти вас, но нешто не е во ред со него? Не може уста а отвори? Неговите мимики се напнати и неприродни? Супер! Имено, тие знаци не се ништо чудно – туку знак за неговиот страв и несигурност. Испратете му добри вибрации и тој веднаш ќе се опушти.

7. Продава финти и кажува вицеви

Мажите малку пресериозно го сфаќаат фактот дека жените обожаваат да се смејат, односно, обожаваат духовити мажи. Меѓутоа, некои вицеви можат погрешно да се протолкуваат – односно, во најлош може да се навредите.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*