17 цитати на Џеф Безос кои ви се потребни во животот, само вака може да бидете успешни и богати

Џеф Безос, човекот кој го создал Амазон, веќе неколку години наназад е најбогатиот човек на светот според листата на Форбс.

Неговото богатство се проценува на 180 милијарди долари. Во својот рецепт за успех не пропушта да не ја спомене подготвеност да се ризикува и да биде несфатен.

“Научив дека да се биде инвентивен и пионир на своето подрачје вклучува и подготвеност на тоа долго да бидете несфатени. На самиот почеток, кога ги увидовме рецензиите на корисниците, некој ми рече дека не разбирам како се води работата. Ми рече дека заработката доѓа од продажбата на работи па нема смисла да допуштам негативни коментари. Кога го прочитав тоа писмо, помислив “Ние не заработуваме со продажба на работи. Заработуваме така што им помагаме на купувачите да донесат одлука за купување”, изјавил Безос.

Се покажало дека бил во право, а ние можеме од неговите цитати да научиме многу работи како за работата, така и за животот.

1. Твојата граница е мојата шанса.

2. Доколку одлучиш да работиш само за работи за кои знаеш дека ќе успеат, оставаш многу неискористени шанси на масата.

3. Дали времето го поминувате сонувајќи за денот кога куп пари ќе ги реши сите ваши проблеми? Дури и доколку ова идеално сценарио стане вистина, резултатот не мора да биде ослободувачки. Повеќе пари често значат и повеќе проблеми. Најдобрите идеи најчесто се раѓаат од проблемите, а не од комфорот.

4. Луѓето кои речиси секогаш се во право, се луѓето кои често го менуваат своето мислење.

5. Една од големите грешки кои луѓето ги прават е што се обидуваат на сила да се заинтересираат за одредени работи. Ти не ја бираш својата страст, твојата страст те бира тебе.

6. Доколку сакате да донесете новини, мора да бидете подготвени да бидете несфатени.

7. Еден од малобројните начини да се излезе од кутијата е да го измислите својот пат надвор.

8. Паметот е дарба, љубезноста е избор.

9. Често прашање во врска со бизнисот е: Зошто? тоа е добро прашање, но еднакво важно е: Зошто не?

10. Опасно е да не се развиваш.

11. Доколку ги дуплираш експериментите во текот на годината, ќе ја дуплираш и твојата инвентивност.

12. Доколку не сте тврдоглави, прерано ќе се откажете од експериментот. А доколку не сте флексибилни, ќе ја забиете главата во ѕуид и нема да видите други можности за решавање на проблемите. Бидете тврдоглави околу визијата, но флексибилни околу деталите.

13. Секогаш треба да гледате кон иднината.

14. Животот е прекраток за да го поминувате со луѓе кои не се снаодливи.

15. Брендот за компаниајта е како репутацијата за некоја личност. Репутацијата ја граиш така што се обидуваш добро да ги направиш тешките работи.

16. Доколку не сакаш да те критикуваат, немој да правиш ништо ново.

17. Работи многу, забавувај се, создавај историја.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*