15 женски карактеристики на кои посилниот пол не може да им одолее

Желбата за внимание на спротивниот пол е природно, и токму од таа причина жените се обидуваат да добијат одговор на прашањето “Што всушност мажите сакаат?”.

Доколку сте и вие една од оние кои сакаат да станат неодоливи за мажите, внимателно запознајте се со овие 15 карактеристики на кои тие едноставно не можат да им одолеат.

Љубезност

Маите секогаш ќе забележат мила и љубезна девојка, посебно доколку за неа размислуваат како идна девојка.

Снаодливост

Спонтаните реакции во неочекувани ситуации покажуваат какви навистина сме и оставаат пријатни впечатоци.

Грижа за ноктите

Тие всушност откриваат колку жените се грижат за себе и на мажите им даваат пошриока слика за жените. Тие не очекуваат совршен маникир, но убавите нокти секогаш ќе ги импресионираат.

Емотивната состојба

Девојки кои на се гледаат негативно и песимистично, нема да успеат во намерата да привлечат мажи. Ваквите реакции се поврзани со песимистичкиот поглед на светот, а тоа на никому не му оди во прилог.

Финансиска состојба

Начинот на кој располагаме со парите открива многу за нас. И исто како што жените можат на основа на тоа да им судат на мажите, така и тие можат да им судат на жените.

Самодоверба

Мажите обожаваат жени кои знаат дека се прекрасни и убави сами на себе и кога се без шминка во пижами, но и во елегантен фустан и штикли.

Став кон другите

Пријатен однос со сите, ги фасцинира мажите околу вас.

Стил

Вашиот стил може да биде одлучувачки фактор поради кои би можеле да му се допаднете. Затоа бидете она што сте.

Чевли

Иако им е целосно неразбирливо зошто имате толку многу чевли, вистина е дека многу не можат да им одолеат, посебно доколку вие се чувствувате добро во нив.

Број на пријатели

Важно е да имате свој живот и свои пријатели со кои ќе сакате да поминувате време, бидејќи во спротивно тоа на мажите може да им претставува аларм за узбуна.

Гол грб

Маичките или фустаните со гол грб се добар начин да останете елегантни, а женствени.

Насмевка

Девојките кои не се плашат да ги покажат своите емоции, знаат навистина да ги импресионираат мажите.

Смисла за хумор

Мажите со жени со смисла за хумор ги сметаат за исклуително атрактивни, посебно доколку ги сфаќаат нивните шеги.

Време за одмор

Жените кои изгледаат одморено, се чувствуваат подобро и попривлечно од уморните и ненаспиените жени, а со самото тоа се и попривлечни за мажите.

Амбиции

Жените со јасни цели и амбиции ги фасцинираат мажите, тие можат да ги прошират нивните гледишта и да внесат ентузијазам во нивниот живот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*