
Откако е објавено дека Кристијано Роналдо е тестиран позитивно на новиот вирус, се огласи и неговата сестра Катија Авеиро со контроверзна порака на Инстаграм.
Катија не верува дека овој вирус е опасен и порача дека нејзиниот брат тоа и ќе го докаже.
“Очигледно дека Кристијано Роналдо мора да биде тој кој ќе му ги отвори очите на светот. Бог го испрати тоа да го направи. Му благодарам на тоа. Денес, илјадници луѓе веруваат во истото во кое и јас, дека овој вирус е најголемата измама некогаш направена. Досто е повеќе од овој циркус, отворете очи луѓе, ве молам”, порача Катија.
Роналдо после средбата против Франција е тестиран позитивно на новиот вирус и наскоро ќе се врати во Торино каде што ќе биде во двонеделна изолација.
Leave a Reply