Овој дел од телото го чистите секој ден, а никако не смеете да го правите тоа бидејќи е опасно

Секогаш кога се туширате, веројатно внимавате да го измиете вашето тело од глава до пети. Секако, клучна е секојдневната хигиена, но некои делови од телото не се наменети за постојано чистење. Всушност, со чистењето на ушите веројатно нанесувате повеќе штета отколку корист.

“Со користењето на памучните стапчиња за чистење на ушните канали не само што го туркате восокот близу ушното тапанче, туку постои и значаен ризик од нанесување на лесни или тешки повреди”, вели отоларингологот Крис Хатан.

“Двете најголеми заблуди кои како отоларинголог ги слушам се дека ушните канали треба да се исчистат во домашно опкружување и дека за нивното чистење треба да се користат памучни стапчиња – ниту едното ниту другото е точно”, додал Хатан: “Ушните канали обично би требало сами да се исчистат”.

Истражувањето објавено во магазинот The Journal of Pediatrics во 2017. година, анализирало податоци кои се собрани во текот на 20 години, од 1990. до 2010. година и открила дека повеќе од 263.000 деца помлади од 18 години се примени во американските болници поради повреди на увото кои биле резултат на употреба на памучни стапчиња. Од тие стотина илјади повреди, најчесто документирана причина е чистењето уши (73% од забележаните повреди).

Докторката Хатани и нејзиниот тим истражувачи за прв пат ја изразиле својата медицинска загриженост поради памучните стапчиња уште во 1972. година, речиси 50 години откако се патентирани. Ова истражување од 70тите покажало дека постои извештај за перфорација на ушното тапанче надворешна инфекција и втискување на церуменот после употребата на памучните стапчиња.

Паралелно на ова рано истражување и предупредувањата кои следеле, луѓето и понатаму редовно ги користат памучните стапчиња за чистење на ушите. Истражувањето до 2011. година открило дека 68% од луѓето и понатаму ги користат, а 96% од нив вели дека ги користат за отстранување на ушниот восок.

“Речиси сите пациенти со повреда на увото поврзана со памучните стапчиња се излечени, но тоа не значи дека некои повреди не биле сериозни”, се навело во истражувањето од 2017 година.

“Типично, задржувањето на трано тело во ушниот канал не предизвикува компликации доколку навремено се отстрани, но кога не се отстранува, хроничната присутност на страно тело се поврзува со интракранијални компликации, вклучувајќи апсцес на мозокот и фатален менингитис”.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*