На тетовиран учител му забраниле да работи: Децата имале кошмари кога ќе го виделе

Учител во Франција, по име Силван Елан, чие тело, лице и јазик се покриени со тетоважи, изјавил дека му е оневозможено да работи во градинката откако родителите се жалеле дека ги плаши нивните деца.

Елан и понатаму подучува деца од шест години и рекол дека, после почетната реакција кога за прв пат ќе го видат, неговите ученици гледаат повеќе од неговиот изглед, пренесува Ројтерс.

“Сите мои ученици и нивни родители секогаш биле кул, бидејќи во основа добро ме познаваа”, изјавил Елан, кој додава дека проценува, дека поминал околу 460 часа под иглата на мајсторите за тетоважи.

“Само кога луѓето ќе ме видат оддалеку, можат да го претпостават најлошото”, нагласил тој.

Елан изјавил дека минатата година предавал во градинка во Основното училиште Доктор Морер во Палезоу, предградие во Париз, кога родители на тригодишно дете им се пожалиле на образовните власти.

Тие изјавиле дека нивниот син, на кој му предавал Елан, има кошмари откако го видел. Неколку месеци подоцна, образовните власти го известиле дека повеќе не може да подучува деца во градинка.

“Јас мислам дека одлуката која ја донесоа е прилично тажна”, изјавил Елан.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*