На Ана луѓето не и веруваат дека е женско: Сакав да ја поправам фигурата, сега ми велат “стани да седнат девојките”

Тргнала во теретана да ја поправи фигурата и и се допаднало. Таа целосно го трансформирала своето тело и сега изгледа вака.
Украинката Ана Куркурина е најсилната жена на светот – таа е повеекратна светска шампионка во powerlifting, а и сега, во својата 54. година, секојдневно вежба и работи како фитнес тренер.

Некогаш имала 56 килограми, и како што самата вели, имала облик на телото во форма на круша, со што за неа бил голем проблем да пронајде облека која ќе одговара на нејзината големина.

“Така започна целата приказна, сакав да ја поправам фигурата и да станам малку посилна. Заминав во теретана, а моето тело со текот на времето се менуваше, станувајќи се помалку женствено”, раскажува Ана.

Денес гардероба купува во машките одделенија, а брусхалтер не носи бидејќи не и е потребен. Вели дека маж не и е потребен во животот бидејќи “сфатила дека мажите ја гледаат само надворешноста”. Вели и дека никогаш во животот не сакала да има деца, така што нејзиниот стил на живот не се променил значајно.

“Не сакам некој да ме мачи со прашања каде сум заминала, зошто доцна си дојдов, среќна сум бидејќи живеам како што живеам. Не ми е потребна долга коса ниту маж за да бидам дама, јас сум жена до коска – иако имам големи мускули. Имам многу машки пријатели, но никогаш не сум се заљубила во ниту еден од нив”, вели Ана.

Таа додава дека при излегување, воглавно и приоѓаат жени, но понекогаш и мажи. Но, едно е заедничко, сите се чудат кога ќе слушнат како се вика. Нејзе луѓето постојано и се обраќаат во машки род, но вели дека се навикнала и дека тоа повеќе не и смета.

“Не реагирам на такви работи, не ме интересира. Често во воз или автобус ми велат “Дечко, стани да седнат девојите”. Не разбирам зошто просечна жена е подобра од мене, зошто ме доживуваат поинаку?”.

Ана на Инстаграм ја следат повеќе од 120.000 луѓе, а тука често објавува и фотографии со својата партнерка Олена Сербулова.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*