Мажите лажат повеќе од жените – ова се осумте најчести лаги

Просечен маж лаже 6 пати дневно, што е двојно повеќе од просечна женска личност. За да дознаеме зошто го прават тоа, побаравме помош од експерти, а тие ни ги објаснија најчестите причини зошто мажите лажат.

Се заглавив во сообраќај

“Мисли дека е многу полесно да го каже тоа отколку да ги објаснува вистинските причини за своето каснење”, објаснува терапевтот Џон Амодео.

“Запомнете дека на мажите комуникацијата не им оди толку добро како на жените. А чудно е што мажот ќе изговори дека е заглавен во сообраќај дури иако причината за неговото каснење е целосно легитимна. Сепак, не дозволувајте им да се протнат, бидејќи лага е лага”.

Не беше толку скапо

Мажите не сакаат да слушнат неодобрување па дури иако ја делите банкарската сметка. Оваа реченица може да ја каже и кога сака да докаже дека е всушност одговорен кога се во прашање парите.

Тргнав

Момците обично ја изговараат оваа фраза кога треба да се најдат со вас на некој настан на кој не им се оди, како на пример семејна вечер.. Малку одолговлекуваат, но сепак доаѓаат Не може баш да се одбие повик без сериозна причина. Затоа со оваа реченица покажува дека донекаде ја контролира ситуацијата.

Не испив многу

Оваа лага може да укажува на сериозен проблем. Доколку ја изговара често, може да има проблеми со алкохолот. Разговарајте со него и соопштете му дека сте загрижени – само обрнете внимание на тајмингот – тој разговор мора да го извршите кога е трезен.

Извини, не видов дека си ми ѕвонела

Или, ми се изгасил телефон? Бев надвор од мрежно покривање? Овие три реченици значат едно: Не сакав да ти се јавам. Зошто? “Ова е нивниот начин да ви стават до знаење да се повлечете малку бидејќи потребно му е време за себе”, вели Амадео. Не го проверувајте толку многу и обидете се да му недостасувате малку.

Не, твојата позадина не изгледа големо во тоа

Секоја маж има другар кој имал слична ситуацијата. Девојката го праала иста работа, а тој одговорил погрешно и таа не сакала да има нешто со него. Овој одговор е сигурен и нема шанси дека тој ќе ризикува и ќе ви ја каже вистината. Доколку сакате искрен одговор, прашајте ја вашата пријателка.

Ова е моето последно пиво

Експертите велат дека оваа реченица, кажана преку телефон, значи дека тој сака што порано да го заврши разговорот со вас и да се врати на своите другари.

Се е во ред, добро сум

Неверојатни 52% од мажите им ја кажуваат оваа реченица на своите девојки Тоа го правт бидејќи сакаат да избегнат драма и да ја заштитат машката гордост. Мажите знаат дека не се добри во изразување на своите чувства и прераскажувањето на својот ден, затоа им е полесно воопшто да не ве запознаваат со ситуацијата.

Кога следниот пат ќе ја слушнете оваа реченица, оставете го на неколку дена и потоа повторно прашајте го дали нешто не е во ред. До тогаш ќе знае што да ви каже.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*