Карактеристики на модерните мажи кои жените не можат да ги поднесат, посебно првата

Модерното време донесе и нови начини на однесување кои многу брзо ги освоија и бројни мажи, а за тоа да не се свесни дека често благодарение на ова ги одбиваат жените околу себе.

Ова се само неколку карактеристики на модерните мажи, кои жените едноставно не ги поднесуваат.

Превртливост

Доколку сте недоследни во се, тешко е дека некој ќе ве гледа како потенцијален партнер. Сте ветиле дека вечерва ќе одите во кино, но сте сфатиле дека не ви се оди бидејќи надвор е ладно?

Среде допишување се повлекувате без зборови бидејќи “имате попаметна работа” па повторно се јавувате кога ќе ви стане досадно? Еден ден планирате да го пропатувате светот и да се преселите во Норвешка, а веќе утре мислите дека никаде не се живее толку добро како овде? Сите овие работи ги одбиваат жените, многу повеќе отколку што мислите.

Комуницирате само кога вие тоа го сакате

Околу луѓето кои наводно ви значат, би требало да се потрудите малку повеќе отколку што треба.

Доколку на жените им се јавувате на секои неколку дена или само кога ви е ужасно досадно, тие во вас со сигурност нема да гледаат потенцијален партнер. Таквото однесување би требало да се остави во тинејџерските денови кога поважно ви било да заминете на фудбал со друштвото отколку да поминувате време со вашата девојка.

Скржавост

Не, не е рамноправно секој да го плаќа својот дел од сметката секој пат кога ќе се видите, освен доколку штотуку сте завршиле средно училиште и преживувате од џепарацот кој ви го даваат родителите.

Секако, тоа не значи ниту дека ви мора секој пат се да платите, но веројатно не постојат многу жени кои ќе бидат воодушевени од вашите мерки за штедење кога ќе видат дека од вашиот паричник го вадите точниот износ за кафе кое сте го испиле.

Не сум подготвен за врска

Едноставно, нема апсолутно никаков проблем доколку навистина е така. Меѓутоа, доколку се чудите што поголемиот дел од жените прекинуваат комуникација откако месец дена се однесувате како да сте во врска, а потоа од ведро небо ги бомбардирате со изјава како оваа, крајно време е да ја промените вашата тактика.

Не мора да бидете во врска и тоа е целосно во ред, но потоа јасно дајте до знаење што точно барате.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*