Дозволен само еден танц: Вака изгледаат свадбите на Балканот денес

Хрватскиот завод за јавно здравје објавил нови препораки за одржување на свадби. Освен тоа што е задолжително евидентирање на сите гости и одредено растојание помеѓу нив, новина се и свадбените редари, како и дека е дозволен само првиот танц и тоа на младенците и членовите на потесното семејство.

Како што навел Хрватскиот завод за јавно здравје, во текот на престојот на свадби, вклучувајќи го доаѓањето и заминувањето, препорачано е физичко растојание од 1,5 метри. Ова правило не мора да се применува помеѓу членовите на семејството или личностите кои иначе се во близок контакт.

Секоја личност на свадбата мора да има најмалку четири метри квадратни простор. На свадбите, во случај да има повеќе о 50 поканети, мораат да бидат ангажирани и свадбени редари, кои ќе треба да се осигураат дека се е во ред.

Исто така, задолжително е и евидентирање на сите гости, а на свадбите исто така не смее да има стоечки места ниту пак високи столови.

Местата за седење мора да бидат однапред означаени и оддалечени по метар и половина, а помеѓу масите мора да има оддалеченост од три метри. Максималниот број на личности за една маса е осум.

Гостите влегуваат во просторот каде што се одржува свадбата така што не се ззадржуваат и не се групираат, и веднаш треба да седнат на своето место.

Се препорачува на масите да седат само луѓе од исто семејство, како и распоредот за седење да не се менува во текот на свадбата.
На свадбата исто така смеат да играат само младенците, нивните родители и членовите на потесното семејство и тоа само на почетокот на прославата. После тоа, танцувањето е забрането.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*