Девојче со прекрасна коса ја пронашла кремата за депилација и направила хаос

Фото: Принтскрин @Ladbible

Мејси Саварт незабележливо влегла во купатилото минатиот петок откако нејзиниот постар брат случајно ја оставил отворена детската ограда и одлучила да си ја намачка главата со крема за отстранување влакна која ја пронашла на полицата.

Штом нејзиниот татко Лук видел што се случил, брзо ја отстранил кремата и целосно ја измил нејзината коса, но веќе било прекасно бидејќи кремата веќе го направила своето, а малата Мејси останала без шишки и сега има големо чело на главата.

Кристи, мајката на малото девојче, вели дека и после се нејзината ќерка е среќна поради неззгодата.

-За Мејси оваа ситуација беше урнебесна. Родена е со многу коса така што никогаш не била ќелава. Затоа сега ја трие главата од разни површини и за неа тоа е урнебесно смешно – изјавила мајката за британските медиуми и додала дека нејзината ќерка уште сега има костим за Ноќта на вештерките, ќе биде кловнот Пенивајз од филмот “То”, бидејќи имаат идентична фризура.

Фото: Принтскрин @Ladbible

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*