Георгина ја објави првата фотографија од заразениот Роналдо, погледнете како изгледа

И во моментот кога сите се надеваа дека фудбалот конечно се врати во нормала, вчера светот го потресоа вестите за еден од најдобрите фудбалери на светот, Кристијано Роналдо.

Кристијано Роналдо бил позитивен на тестирање, објавија вчера од Фудбалскиот сојуз на Португалија. Поради тоа, еден од најдобрите фудбалери на светот ќе го пропушти денешниот натпревар на Португалија против Шведска во Лигата на нациите како и наредниот натпревар на Јувентус.

Роналдо после дознавањето на резултатите од тестирањето е изолиран во тренинг-камп на португалската репрезентација.

Додека неговите соиграчи тренираа за натпреварот со Шведска, Роналдо на телефон разговарал со својата вереница Георгина Родригез, а таа неговата фотографија од креветот ја споделила на социјалните мрежи.

“Ти си мојата инспирација”, напиша Георгина на фотографијата која ја објави на стори на социјалната мрежа Инстаграм.

Објавено е и дека Роналдо зазсега немал никакви симптоми, а остатокот од португалската репрезентација е негативен.
Имајќи во предвид дека Роналдо е врвен спортист, сите се надеваат на брзо и лесно закрепнување.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*