Орденот кој Тито го добил од кралицата Елизабета стана вистински хит, сите се потсмеваат со ова

Огромна дискусија на социјалните мрежи се разви околу еден музејски експонат. Тоа се случило откако на Твитер е објавена фотографија од орден изложен во музејот на Југославија.

Орденот кој кралицата Елизабета му го доделила на тогашниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито имал класичен изглед. Но, името е премногу необично, бидејќи покрај орденот стои “Голем крст Најчесниот орден купатило, Велика Британија”.

Луѓето на социјалните мрежи започнаа со расправа околу предлозите за домашната верзија на витешкиот орден.
За само неколку часа пристигнале предлози за: Витешки ред туш кабина, Највисок ранг на бојлер и слично.

На крај се огласи и самиот Музеј за да разјасни од каде потекнува купатилото на Јосип Броз. Се испоставило дека преводот е чуден, но точен.

Орденот “Order of the Bath” всушност потекнува од древната традиција да пред примањето на витешката чест, витезот се прочисти со потопување во вода, така што преводот “Ред купатило” или “Ред искапени” исто така би биле во духот на домашниот јазик, иако скоро да не постои начин да се избегне смешниот превод.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*