Овие 6 типови на мажи никогаш нема да се оженат

Можеби звучи грубо, но некои мажи се навистина добар “материјал” за брак, за разлика од некои други. Во брачната заедница се бара верност, искреност, преданост, подготвеност на комромиси и ставање на себе си на второ место.

Сепак, некои фраери тие квалитети едноставно ги немаат, со што се намалуваат шансите за квалитетен и стабилен брак. Ова се само неколку типови на мажи за кои се верува дека никогаш нема да се оженат.

Мажот кој ви го скршил срцето и никогаш не се извинил за тоа

Тоа што тој ве гледа заедно до крајот на животот и во среќен брак, не значи дека му е жал што некогаш порано веп овредил. Иако секој може да погреши, да се биде способен да ја признаеш грешката и да бидеш со некој кој може да го направи истото, е многу важен фактор за среќен брак.

Мажот кој се исклучува и оддалечува штом се појави некој проблем, нема да биде покрај вас кога ќе ви биде потребен.

Неверен маж

Заблуда е дека мажите кои во врската биле неверни, во бракот одеднаш ќе се променат и ќе бидат верни. Па дури и доколку е така, на таквите мажи никогаш во потполност нема да можете да им верувате. А каков е тој брак?

Егоистичен маж

Во љубовта и бракот некогаш самите себе мораме да се ставиме на второ место. Фраерите кои се премногу окупирано со себе, едноставно не се способни вашите потреби понекогаш да ги стават на прво место, поради што не претставуваат добри брачни партнери.

Измамници

Мажот кој би измамил некој за да дојде до брза и лесна заработка, па дури и да е неговиот злобен шеф кој тоа го заслужил, не е личност на која може да и верувате. Па дури иако тоа никогаш не би ви го направил вам, никогаш не знаете како тоа може да влијае на вас.

Мрзлив маж

Иако е моментално невработен, на вашата врска може да и придонесе доколку на себе ги превзмеме домашните работи, грижата за децата и слично. Која жена сака сопруг кој само седи на троседот, гледа телевизија и нема волја да работи ништо?

Маж кој не знае како да се носи со проблеми

Во венчаните завети делот “во добро и во зло” не постои без причина. Мажот кој се исклучува и оддалечува штом се појави некој проблем, нема да биде покрај вас кога ќе ви биде потребен. Не ви е потребен сопруг на кој не можете да сметате.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*