Исповед на Војин: Како навистина Аркан се збогатил, зошто секоја вечер гледал ист филм и што му направила Цеца

Во продолжение на исповедта на Војин Ражнатовиќ се открива вистината за краж бите на бела техника, односот со Легија во Ердут и како аф ерата со Цеца го упропастила првиот брак на Аркан.

Жељко Ражнатовиќ Аркан останал запамтен како зл огласен командант на пар авое ната формација Тигри и господар на српското подз емје. Како негов син, Војин бил непосреден сведок на вртоглавиот успон на Аркан, но и крвавиот крај.

Во првиот дел од неговата исповед, Војин раскажувал за тоа како изгледало да се расте со обезбедување кое носи калашн икови, на кои начини Аркан ја демонстрирал својата строгост и за што добивале шама ри.

Аркановите Тигри, српска гарда составена од доброволци, ја следел глас дека позади себе остава пустош, а со себе ја носи целата бела техника. Војин како десетгодишно момче поминал едно лето во Ердут, тренажен центар на Тигрите и вели дека таму, освен во кујната, никаде не видел бела техника.

“Имаше и еден мал телевизор во собата на татко ми, тука бевме јас, тој, мојот брат и Легијата, и секоја вечер го гледавме филмот “Лавовско срце” со Жан Клод Ван Дам. Малку луѓе знаат дека тој најголемите пари ги направи кога увезуваше гориво и дрвена граѓа за време на санкциите. Ердут и целиот тој крај се нарекуваа Арканзас, бидејќи некои овде ги исекол шумите, па тој увезуваше дрва и заработи милиони”, објаснува Војин.

Со Легијата Војин доживеал низа неверојатни сцени – пук ање од транспортер, золји, разни пуш ки и слично.

Аркан на тој начин одеднаш стекнува огромни суми на пари, кои немилосрно ги трошел на покажување моќ и статус. Во еден момент купува дури 30 џипови Митсубиши Пајеро, ја руши малата куќа на плацот и гради огромна вила. Желба му била да, освен Славонија, ја покори и политиката. Тој фрлил пет милиони евра на помпезна, но неуспешна политичка кампања. Неговата партија српско единтсвено неславно поминала на изборите.

Неговата тогашна жена, мајката на Војин Наталија Мартиновќ, не ја поддржувала потребата на Аркан да се експонира и да се расфрла со пари. Нивниот брак веќе бил во криза, бидејќи како прва жрт ва помеѓу војниците на Аркан, на самиот почеток од вој ната, паднал нејзиниот брат, кој го испратила на фрон тот со доверба во својот сопруг.

Аркан во Ердут ја пронаоѓа својата утеха во тогашната ѕвезда на музичкото небо, Светлана Цеца Великовиќ, која заедничкиот пријател, Оливер Мандиќ, ја довел во кампот да ги забавува војниците.

Штом дознала за афер ата, Наталија ги земала децата, го лаже и Аркан и нејзиното обезбедување и заминува кај својата мајка во Црна Гора, на децата им набавува лажни пасоши и со четири деца со воз бега од земјата. Без разлика колку моќен бил Аркан во тоа време, тој доживува незамислив удар и на своето его и на своите емоции.

“Прво заминавме во Виена, па во Рим, па во Париз и на крајот во Атина. Сите тие наши пријатели кај кој одевме не смееја да не примат, ни дозволуваа да бидеме кај нив неколку дена, а потоа не прашуваа да заминеме, во страв од Аркан. Бевме како мигранти, никој не не сакаше. Аркан повеќе пати и ѕвонеше на мојата мајка, ја молеше да се врати, ветуваше дека ќе ја избрка Цеца, но таа остана непоколеблива”, вели Војин.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*