Гледајте вниманително: Доколку имате младеж на овој дел од телото, вие ќе бидете многу богати

Дали ви претстои живот исполнет со успеси, среќен брак или потешкотии во работата или љубовта?

Сите ние имаме младежи, на лицето или телото, но овие белези на кожата, на многумина им се заштитен знак.

Но, она што е интересно е дека, според некои верувања, младежите се траги од минатиот живот, но и она што може да ни ја одреди судбината.

Многу славни личности имаат свои препознатливи белези. Поради Мерилин Монро, сите тие години многумина цртале младежи на образите, како и во текот на ерата на Синди Крафорд, Анџелина Џоли, кои имаат препознатливи младежи, а тука се и уште многу личности кои своите младежи ги претвориле во заштитен знак.

Сепак, многумина се прашуваат дали позицијата на која се наоѓаат овие белези може да преодреди дали во животот ќе имаме успех, пари или ќе ја најдеме љубовта на својот живот.

Одговорот на тоа прашање може да ни го даде древната кинеска вештина за читање на младежи, по име – тан су. Во кинеската култура веќе илјадници години младежите на човечкото тело се проучуваат не само од медицински причини, туку и како показател за нечии судбини. Кинезите веруваат дека младежите на нашето тело можат да ни ја предвидат иднинат, во зависност од позицијата на која се наоѓаат.

Сепак, важно е да не очајувате доколку овие читања ви предвидуваат некои лоши работи. Според верувањето во оваа древна кинеска култура, секоја судбина може да се измени.

Младежите се читаат не само по местото, туку и по големината и бојата. Црвените, оние со боја на мед или зелените бои носат среќа, а оние со црна боја – даваат лоши резултати.

Младеж на било која страна од усните

Наговестуваат урамнотежен и успешен живот како и богатство, слава и раскожен животен стил. Жените со овие младежи можат да бидат неверојатно убави.

На средина на челото

Овие луѓе се родени креативци и лидери со безгрижен дух.

Младеж на левата страна на чело

Личностите кои имаат младеж на ова место, се личности посветени на себе, сакаат да си угодуваат и ги гледаат само своите интереси во се што работат.

На крајот на веѓите

Овие младежи означуваат тврдоглави личности, како и личности со силен авторитет.

На десната веѓа

Личноста ќе доживее среќа после мажење или женење.

На левата веѓа

Личноста во животот ќе има доста проблеми и борби, но и извесни проблеми со финансиската состојба. Исто така, може да дојде до големи проблеми со таштата или свекрвата.

На средина на носот

Се верува дека ваквите личности имаат склоност кон тоа да премногу трошат, да се коцкаат, кокетираат или да јадат премногу. За нив најголемите предизвици се да знаат кога треба да прекинат да потпаѓаат на своите искушенија.

На десната страна на носот

Можеби ќе дојдете до голема сума на пари со многу мал напор.

Младежи на десната страна на главата

Иако овие младежи можете да ги виддите само доколку ја избричите вашата глава, доколку младежот се наоѓа на десната страна, се верува дека личноста ќе биде добра во политика. Доколку младежот пак се наоѓа на левата страна, личноста може да има проблеми со парите, но да биде многу посветена и духовна личност. Неретко можат да станат и уметници.

Десниот капак

Се смета дека личностите кои имаат младежи на десниот капак ќе бидат стабилни. Но исто така се смета дека ваквите личности лесно даваат и добиваат пари, а стануваат богати и среќни.

Младеж под окото

Тоа значи дека во љубовта можеби нема да бидете многу среќни.

На ушите

Младежите на ушите се добри знаци. Личностите во текот на животот воглавно имаат добра заработка и луксузен живот. Сепак, велат дека треба да водат сметка во близина на вода, бидејќи им се заканува опасност од давење.

Младеж на усните

Многу сте љубопитни и зборливи.

Младеж на брадата

Доколку младежот се наоѓа на средината, личностите воглавно примаат пофалби од другите луѓе. Доколку се наоѓа на десната страна на брадата, личноста размислува логички и е дипломат по природата, поседуваат голема моќ за убедување, а исто така, во животот добро ќе заработуваат и лесно можат да допрат до углед и слава.

Левата страна на брадата покажува на тоа дека личноста ги изнесува своите ставови без двоумење, и поради тоа може да им биде трн во око на многумина.

Предниот дел од вратот

Ваквите личности воглавно во животот неочекувано ќе искусат огромна среќа.

Рамото

Луѓето кои имаат младеж на рамената по природата се сестрани, одговорни и лесно стекнуваат пријатели.

Пазуви

Луѓето кои имаат младежи на пазувите, воглавно во животот имаат многу проблеми, но од се излегуваат како победници.

Младежи на прстите

Ова се воглавно внимателни личности, склони кон претерување, неретко и хипохондри. Сепак, доколку имате младежи на малиот прст, тоа означува дека сте вљубеник во патувања и дека со леснотија ќе го запознаете светот кој ве опкружува.

Дланка

Младежот на дланката симболизија материјално богатство. Во случај да е позициониран на горната половина на дланката, многу лесно ќе дојдете до пари, а во спротивен случај, доколку е сместен на долниот дел на дланката, ќе бидете принудени да вложите малку поголем напор.

На градите

Сугерира дека сте мрзлива личност која сака да ужива во животот, со што е можно помалку труд.

Младежи на грбот

Младежите на долниот дел на грбот значат дека лесно се спријателувате, но и дека сте доверлива личност на која може да и се верува. Доколку младежот се наоѓа на горната страна, вие сте исклучително одговорна личност.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*