23 годишната Ема Роуз Доерти од Велика Британија поминала низ неверојатна физичка трансформација, така што девојките кои во училиште ја навредувале поради изгледот, станала фитнес тренер кој денес е инспирација за повеќе од 170 илјади луѓе.
Ема како тинејџерка носела број на облека 42, така што во училиште многумина ја задевале и додавале погрдни прекари како кит.
Поради сето тоа, таа стнаала депресивна и анксиозна, па избегнувала социјални собири, а посебно тешко и паднало заминувањето на плажа.
“Сакав да ги променам работите па размислував за одење во теретана, а потоа се погледнав во огледало и заплакав. Се чувствував инфериорно, само и безвредно”, изјавила таа за Дејли Мејл. Вели дека тогаш сфатила дека, од сите девојки се кои е опкружена, само таа не се забавува и дека само таа размилува за тоа како изгледа во секоја ситуација во животот.
“Видов како другите девојки уживаат и тоа ме натера да се запрашам зошто целиот живот се грижев како изгледам, наместо да уживам”, вели. Еден ден, во текот на школувањето, Ема одлучила да замине во мала теретана во своето место и започнала да учи како да ги користи справите. Тоа променило се.
Денес има 51 килограми и носи број на облека 38, а на својот Инстаграм профил редовно дели совети за здрав живот и исхрана. Пет дена неделно е во теретана, еднаш неделно на тренинг за бокс и секојдневно пешачи.
Но, не е се толку лесно како што изгледа.
Ема во текот на својата трансформација во еден момент развила орторексија, пореметување на исхраната која опфаќа нездава опсесија со здрава и правилна исхрана. “Развив орторексија. Јадев недоволно, претерано се ограничував и не можев правилно да го одржувам своето тело”, додава таа. Но, станала свесна за својот проблем, се едуцирала и работела на себе за да успее да го надмине тој проблем.
“Ова патување го промени мојот живот и кариера. Се чувствувам многу посреќно, поздраво и имам повеќе енергија. Секој ден се будам возбудена за тренинг”, вели денес.
Leave a Reply