Баба Буда има 120 години работен стаж: На одмор заминала само 4 пати, а животот го поминала вака

Будимирка Младеновиќ не ни помислила дека времето од 1954. година до денес ќе го помине во кујната на хотелот Сопочани кај Нови Пазар.

Будимирка Буда Младеновиќ веќе 60 години работи како кувар во хотелот Сопочани кај Нови Пазар, а доколку се земе во предвид фактот дека постојано работела две, понекогаш три смени, Буда има 120 години работен стаж.

Таа е и херој и жрт ва, бидејќи целиот свој живот го посветила на хотелот во кој работи и живее.

Екипата на Квадратура круга на РТС, неодамна ја посетила Буда. Таа денес има 85 години. И понатаму е на нозе во истата просторија во која со децении работи со истото темпо од утро до полноќ и се уште успева секој ден да подготви храна за околу сто луѓе. Буда никогаш не користела викенд, ниту одмарала било која смена, само четири пати заминала на одмор.

“Не ми е нужно, но сакам”, вели Буда.

Како што раскажала, таа пораснала во сиромашно семејство, чувало овци.

“Мајка ми ми рече да се вработам овде како куварка и да ги заработам своите први пари. Ми зборуваше дека тоа е единствениот начин да си купам фустан во кој би можела да се омажам”, вели таа.

Таа не ни помислила дека од 1954. година до денес, своето време ќе го помине во кујната кде што станала мајстор аџ домашна кујна од новопазарскиот крај, тембал, скара, проја, пити, погачи, јагнешко под сач и друго.

За 60 години работа добила една соба на користење. Во неа само преспива бидејќи најголемиот дел од денот го поминува во кујна. Често мисли на годините кои поминале.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*