Софија (24) го подели светот: За едни е прекрасна и природна, а други не можат да ја “гледаат”

Младата манекенка привлече огромно внимание поради својот несекојдневен изглед.

Манекенката Софија Хаџипантели (24) признала дека отсекогаш сакала да ги шо кира сите, а тоа со сигурност го направила со својот единствен изглед.

Пресврт во животот, но и кариерата, за младата манекенка од Кипар настанал кога одлучила да престане да ги чупка своите природно густи веѓи, и името во модниот свет го изградила како “девојката со една веѓа”.

Софија сосем исправно, на време сфатила, дека големо внимание може да привлече со тоа што ќе се разликува од другите девојки и што ќе ги наруши втемелените стандарди за убавина.

И апсолутно успеала во тоа, дури и повеќе отколку што планирала.

Нејзините фотографии предизвикуваат илјадници коментари, а поголемиот дел од нив се негативни.

“Немаа да седам овде и да кажам дека нема негативни коментари, затоа што тоа не е вистина. Поголемиот дел од нив се негативни, а ќесто добивам и смр тни зак ани”, изјавила Софија при гостувањето во емисијата на Пирс Морган.

Во коментари често и порачуваат да ги депилира веѓите и да заличи на “нормално женско”.

Хаџипантели, за да биде уште поинтересно, е природна плавуша и намерно ги потемнува своите веѓи за да бидат повчеатливи.
Без оглед на брут алните напади и критики, таа изградила успешна кариера.

Снимала едиторијали за најпознатите светски модни магазини, потпишала договор со една британска агенција за модели и тоа не е се. На инстаграм започнала кција “Моновеѓа” (Unibrow Movement).

Што вие мислите за Софија? Оставете ги вашите одговори во коментар.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*