
Од врелите песоци, до ледените глечери – сето тоа се наоѓа на патување кое не се пропушта. Затоа и не не чудо што многумина ја нарекуваат културата и геологијата на Патагонија драматична и препорачуваат да ја видите во живо.
Планини прекриени со снег, зелени водопади кои паѓаат преку црниот камен, настанат со ерупција на лава, чисти езера, вулкани, шуми и глечери, ова се само дел од занимливостите на Патагонија, полна со скриени убавини.
Една од најубавите глетки е глечерот под името Перито Морено.
Неверојатната количина лед опкружена со бескрајна шума привлекува голем број туристи – сите желни да го видат “осмото светско чудо” и еден од најголемите светски извори на вода која всушност може да се пие.
Џиновските блокови од сино-бел лед секои две до четири години се уриваат во езерото Аргентино, предизвикувајќи силен тресок и неверојатни бранови. Оваа незаборавна глетка ја гледаат само оние кои имаат најмногу среќа, а претставата започнува во март.
Уште една работа е необична во врска со ова – Перито Морено е единствениот глечер кој расте, а не да се намалува како останатите, но научниците се уште не знаат поради што тоа е така. Некои мистерии и подобро да останат неоткриени.
Погледнете го видеото во продолжение:
Leave a Reply