Пештера на балканот која крие огромно богатство: За да дојдете до него, треба да поминете низ тунел преполн со лилјаци

Фото: Рина

Спелеолошкиот бисер на западна Србија се наоѓа на 14 километри од Ужице во северниот дел на Дрезничка градина.

Потпечката пештера е единствена на Балканот поради неверојатно големиот влез во облик на потковица, кој е висок околу 50 метри. Според зборовите на мештаните, до Втората светска вој на, овде постоеле две пештери, едната била срушена од германците, а потоа тие се споиле во една, и настанал единствен, импозантен влез. До влезот водат 700 скали, а потоа пред вас се појавува огромно богатство во вид на пештерски накит. Сепак, за да дојдете до тоа, мора да поминете низ тунел преполн со лилјаци.

Фото: Рина

“Можат да се видат неверојатни примероци на сталактити, украси кои висат од ѕидовите и сталагмити, украси кои растат од подот на пештерата. Пештерскиот накит настанува со истекување на водата дождовница и потребни се стотици години за да се направи само еден сантиметар. Посетителите секогаш посветуваат посебно внимание се со цел да не ги допираат овие природни чуда и да не го пореметат природниот процес, но за жал имавме примери кога посетители го кршеле или откинувале пештерскиот накит.

Потпечката пештера е неверојатно спелеолошко наоѓалиште и овде експертите имале полни раце работа. На ова место имаме пример на спојување на сталактити и сталагмити, со што настануваат пештерски столбови”, изјавила Нина Илоски, туристички водич.

Потпечката пештера на почетокот на 20. век ја истражувал Јован Цвијиќ. Се проценува дека е долга околу 10 километри, а за посета се достапни само првите 550 метри.

Оваа пештера е поделена на четири дела, сала под купола, сала на змаевите, салата на Цвијиќ и сала која се нарекува Снежана и седумте џуџучиња.

Фото: Рина

Спелеолозите биле навистина инсирирани во давањето на имињата за пештерските украси во оваа пештера, така што во оваа пештера можете да видите – палма во саксија, Чичко Љубе и неговите мачки, бебе кое ползи, крокодилски вилици, камени змаеви и був.

“За оваа пештера се поврзани и бројни легенди, кои се пренесуваат од колено на колено. Според една од нив, овде живееле два пештерски змаеви кои го чувале чудотворниот отвор, кој според преданијата, лечел неплодни жени. Кога изворот пресушил змаевите се скамениле, а нивните облици и денес се видливи. Исто така, за време на турската окупација била место во кое србите се криеле од турците. Кога некој ќе починел, го погребувале во близина, за да не го откријат засолништето, а остатоците од овие луѓе се пронајдени, па извадени и достојно погребани. Во внатрешноста се крие и мал олтар направен во карпа, каде што нашиот народ му се молел на Бога”, изјавила Нина, пишува српскиот портал Б92.

Најниските сали на пештерата се докажано лековите бидејќи имаат својства на природна хипербарична комора во која концентрацијата на кислород се движи од 33 до 40%.

“Посетителите не пропуштаат посета на хипербаричната комора, а многумина од нив велат дека во тоа место полесно и поинаку се дише. Влегувале астматичари, кои велат дека единствено овде можат да дишат со полни гради.

Фото: Рина

Потпечката пештера претставува своевиден споменик на природата, а во април минатата година е средена и нејзината внатрешност, кога е вградена нов електроинсталација во главниот ходник и сали, па оваа историска убавица доби целосно нов сјај.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*