Новиот бермудски триаголник: Местото на кое исчезнале 700 лица

Фото: Скриншот

Постојат приказни дека големиот монголски лидер Кублај-кан се обидел да ја напа дне Јапонија уште во 13. век, но дека изгубил 40 илјади луѓе токму во Змаевиот триаголник.

Ѓаволското море, познато и по името Змаевиот триаголник, е подрачје во Тихиот океан околу јапонскиот брег и островот Огасавара кое вклучува добар дел од Филипинското море. Лежи точно спроти Бермудскиот триаголник и се смета за негов пандан.

Пред неколку илјади години Кинезите верувале дека во тоа море живее монументален змеј кој влече бродови кон дното за да ја нахрани својата глад. Не не чуди што и денес, исчезнувањето на бродови на ова место му се препишува токму на тоа суштество.

Сепак, најпознатата приказна датира од 1952. година, кога исчезнал истражувачкиот брод Каио Мару No. 5 со цела посада од 31 лице. Истражувачите ја испитувале активноста на подводниот вулкан Миоџин-шо, и никогаш не се вратиле дома.

Според написите на Чарлс Берлитз од 1989. година во книгата “The Dragon’s Triangle”, јапонската војска од 1952. година до 1952. година на ова подрачје изгубила пет бродови со околу 700 луѓе, поради што Јапонското министерство на средината на минатиот век го прогласило ова место за исклучително оп асно.

Што навистина се случчило со исчезнатите бродови и луѓе, никогаш не е во целост разјаснета, како и во случаите на Бермудскиот триаголник.

Науката тврди дека не е во прашање паранормална активност, туку постоење на заробени колиини на опасни гасови на морското дното. Потоно, станува збор за наоѓалишта на метански клатрат кој на температура поголема од 18 степени може да предизвика огромна експлозија и да потопи бродови без никакви остатоци или докази.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*