Нејзиниот сопруг ја исневерил со нејзината мајка, но сепак останала со него: Имала огромна причина за тоа

Семејството се преселило во обид да го остави минатото позади себе и започне целосно нов живот.

Видеото на Џејми Вокер кое стана вирално на ТикТок откако ја споделила животната приказна за тоа како после својот 33. роденден открила дека нејзиниот сопруг има нешто со нејзината мајка.

Едно е да откриете дека вашиот партнер изне верува, а друго е да дознаете дека има аф ера со некој од членовите на вашето семејство. Но, токму тоа и се случило на оваа 33 годишна мајка на две деца.

-Мојот син му рекол на мојот, сега веќе поранешен сопруг: “Доколку ти не и кажеш, јас ќе го направам тоа” – раскажува Џејми.
-Мојот поранешен сопруг одлучил дека сака да ми каже, па ме однесе на долго возење кое заврши на паркинг пред супермаркет.

Имавме сериозен разговор и ми призна дека нивната аф ера трае веќе пет години – се присетува Џејми.

Џејми била разочарана и се чувствувала како светот да се распаѓа со новите информации, но признава дека не можела да го остави својот сопруг поради финансиски причини.

-Бев потресена и не знаев што да правам. Тогаш не бев во состојба финансиски да се грижам ниту за себе, ниту за децата, па некое време останавме заедно и започнавме да одиме на брачна терапија – раскажува таа.

Семејството подоцна се преселило во Тенеси во обид да го остави минатото позади себе и да започне нов живот. Меѓутоа, нејзиниот сопруг не можел да остане верен и повторно го направил тоа, овој пат со 60 годишна колешка.

Парот конечно се развел во 2017. година, а нејзиниот сопруг во меѓувреме се оженил со колешката. Во останатите видеа, Џејми одговара на некои од прашањата на своите следачи, на пример, како е нејзиниот син, кој денес има 25 години.

-Мојот син тогаш имаше 16 години и го доживеа ова трау матично искуство, но добро се држи – тврди Џејми.

Таа изјавила дека нејзиниот син, разбирливо, не е во сјајна врска со својот татко и со својата баба, но дека нејзината ќерка и понатаму има контакт со таткото. Џејми исто така се отворила за тоа каков е односот со нејзината мајка денес, изјавувајќи дека не разговарала со неа првите четири години. Сега ранотите помеѓу нив две започнале да се подобруваат, но и понатаму нема да водат разговор за поранешниот сопруг.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*