Доктор целиот свој живот ги лекувал сиромашните бесплатно, продал се што има за да купи нова медицинска опрема

Доктор целиот свој живот ги лекувал сиромашните бесплатно, продал се што има за да купи нова медицинска опрема.

Пред некое време во Египет се појави мурал во чест на вистински доктор. Неодамна, на 76 годишна возраст починал докторот Мухамед Машали, доктор кој 50 години целосно бесплатно ги лечел најсиромашните граѓани на Египет.

Во амбулантата поминувал 12 часа дневно и примал од 30 до 50 пациенти. Покрај тоа што секој ден имало колони луѓе пред амбулантата во која работел, нему луѓето му приоѓале и на улица, каде им делел бесплатни медицински совети. Докторот Мухамед Машали никогаш немал автомобил, ниту пак телефон.

Тој одел пешки секој ден од дома до својата ординација. Кога еден богаташ дознал за неговата приказна, му поклонил 20.000 долари, автомобил и стан во неговиот град, но по враќањето во Египет дознал дека докторот го продал автомобилот за помош на најсиромашните граѓани, а со останатите пари купил нова медицинска опрема.

Кога Мухамед Машали дипломирал на Медицинскиот факултет во Каиро 1967 година, изјавил зошто сака да се жртвува за доброто на другите:

“Мојот татко го жртвуваше својот живот за да ме направи доктор. Тогаш му ветив на Бога дека нема да земам ниту денар од сиромашните и дека ќе живеам во служба на луѓе од било која култура или вероисповед.”

Мухамед Машали е добро познато име не само во Египет, туку и во светот. Неговата професионалност, хуманост, добрина, посветеност и желба да помогне во текот на целиот свој живот, го прават своевиден ангел не само во Египет, туку и во светот, а за овој доктор се слушнало дури до Јапонија.

Во негова чест, направени се мурали на неколку места во Египет, се со цел, вечно сеќавање на најдобриот доктор на свет.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*