Доколку ова е првата работа која ја правите наутро, веднаш би требало да посетите лекар

Според неодамнешниот извештај на клиниката за истражување на пореметување во спиењето во Кливленд, доколку чувствувате потреба да посегнете за одложување на алармот после добро проспиена ноќ, време е да го посетите својот лекар.

Извештајот нагласува дека сите спиења не се еднакви и дека начинот на кој се завршува вашиот ноќен сон може да биде показател за општата благосостојба. Истражувањето сугерира дека одложувањето на алармот ја пореметува РЕМ фазата на сонот, односно ресторативната состојба на сонот, изјавила докторката Рина Мехра, директорка на клиниката во Кливленд.

Секоја ноќ преминува низ два основни вида на спиење, РЕМ (Rapid Eye Movement) и не-РЕМ спиење. Националниот институт за невролошки пореметувања и мозочен удар, го опишуваат не-РЕМ спиењето како движење низ три фази:

Фаза 1: Кога преминувате од будност во сон
Фаза 2: Кога ќе влезете во лесен сон
Фаза 3: Кога ќе влезете во најдлабокото ниво на сон за најдолг период

Поради фаза 3 наутро се чувствувате целосно освежено. Од друга страна, РЕМ фазата настапува околу 90 минути откако ќе заспиете.

“Очите брзо ви се поместуваат од една на друга страна позади затворените очни капаци”, објаснуваат експертите од Институтот.

“Вашето дишење станува брзо и неправилно, а пулсот и крвниот притисок се зголемуваат речиси до ниво на будење. Поголемиот дел од вашето сонување се случува во текот на РЕМ фазата на спиење, иако некои можат да се случат и во не-РЕМ фазата.

Мускулите на рацете и нозете стануваат привремено парализирани, што ве спречува да ги остварите своите соништа”, се наведува во истражувањето.

Тука доаѓа до проблемот со одложување на алармот – во текот на влегувањет и излегувањето од РЕМ фазата на сон. Со покаченото ниво на будност, нарушувањето на овој сон со аларм во интервали од 10 минути, може да се предизвика покачен крвен притисок и забрзано чукање на срцето, додека самиот интервал е прекраток да овозможи мирен сон.

Како што предупредува британската Национална здравствена служба, недоволно мирниот сон со време може да допринесе кон дебелеење, кардиоваскуларни болести, висок крвен притисок, ослабен имунолошки систем и дијабетис.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*