Во Југославија никој не смеел да зборува за ова: Што му се случило на Тито при посета на Шведска?

Снимка од Тито која ниту денес не е заборавена. Сите во поранешна Југославија зборувале за оваа грешка.

Во 1976 година, Јосип Броз Тито доживеал една непријатна ситуација кога заминал во посета на премиерот на Шведска, Олоф Палме.

Тоа е едно од ретките видеа, кое предизвика огромно внимание во поранешна Југославија, а многумина го памтат и денес.

Имено, при пристигнувањето на локацијата каде што бил договорен состанок, при излегувањето на маршалот на Југославија, Јосип Броз Тито од неговиот автомобил, невнимателен член на југословенската делегација му ја приклештил вратата.

Јосип Броз Тито и во текот на состанокот со шведскиот премиер му ја објаснил несреќата, а прстите на неговата лева рака биле завиткани во завој.

Главното прашање кое останува е што се случило со невнимателниот член на југословенската делегација која заминала во Шведска, доколку се земе во предвид дека во време на Југославија, за погрешно кажан збор за Маршалот, некои луѓе заминувале на робија.

Поранешната Југославија била високо ценета држава кај Шведскиот државен врв, имајќи во предвид дека Југославија и Шведска имале потпишано специјален договор за работна сила, со што Југославија и помогнала на Шведска да го преброди недостатокот на работна сила во неколку индустрии.

Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*