Од каков тип на љубов човекот треба да бега што подалеку?

Постојат луѓе кои ни нанесуваат штета. Можеби тоа не го прават поради омраза или завист, туку од некој друг мотив. Можеби и не’ сакаат, само на свој начин- себично. Можеби навистина им сме потребни и се плашат да не’ не изгубат и затоа почнуваат несвесно да ни нанесуваат штета.

Нивните постапки во суштина се штетни, дури и ако се совршено маскирани во ‘добри намери’ и симпатија. Таквите луѓе не’ не хранат, туку не’ трујат. Лесно е да ги препознаете по нивните навики и ставови.

Ако сакате на пример, да се погрижите за својата тежина и да бидете на диета, пријателот купува торта и сака да ве ‘израдува’ со зборовите: ‘Така убаво изгледаш!’ Изеди едно парче, инаку ќе се навредам’. Исто е и со мајките. Ако внимавате што јадете, секогаш таа за ручек ќе приготви храна која не ви одговара. Всушност, мајката и’ штети на ќерката од страв да не остане напуштена и непотребна. Во потсвеста таа размислува: ‘Ако добро јаде и е дебелка, ќе биде помирна и нема да оди никаде’.

Затоа понекогаш љубезните акции и стравот од загуба, стојат зад вакви штетни влијанија. Понекогаш пријателите наштетуваат од добронамерност. Тие присилно ни нудат алкохол и не’ убедуваат: ‘Пиј или ќе се навредам!’ На никој нема да му наштети една чаша. Дури е добра за твоето здравје!’.

Тоа инсистирање може да биде благо или добронамерно, но има толку луѓе кои денес имаат сериозни проблеми со алкохолот. Можеби не посакуваат зло. Но, на тој начин го држат својот пријател покрај себе; алкохолното ропство не дозволува промена на кругот на пријатели и го спречува развојот на поединецот. Така постапувале некои заљубени жени, кои им даваат на мажите алкохол само да ги задржат во своја близина. А потоа не знаеле што да прават со пијаницата.

Личноста се плаши да ја изгуби другата личност и свесно или несвесно смислува начини како да го спречи или да го ограничи нејзиното движење. Но, од таква љубов човекот треба да бега што е можно подалеку.

Но, ако ја препознавате намерата која ве ‘храни’, ќе биде лесно да одолеете на инсистирањето на ‘десертите’. Понекогаш мирен разговор и разјаснување на намерите многу помагаат. Кажете ја својата намера цврсто и смирено. Откажете се, не прифаќајте ништо од личности чија намера е да ве задржи. А тоа ќе донесе корист: ако личноста вистински ве сака, ќе ја сфати својата грешка. И тоа повеќе нема да функционира. А вие станувате уште појаки, бидејќи делувате во склад со намерата.

Извор: Philosophy of life, zen.yandex.ru

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*