Мицкоски: Заев ги остави граѓаните и бизнисот без владинa помош во третиот квартал

Немаше да дозволиме третиот квартал економијата и граѓаните да останат без било каква поддршка, како што тоа го направи владата наЗаев односно Спасовски во тој период. Во третиот квартал граѓаните и стопанството се оставени на милост и немилост, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервјуто за Радио Слободна Европа одговорајќи на прашањето какви економски мерки би преземал во однос на коронакризата доколку би бил премиер еден месец.

-Ниту државата покажа било каков интерес, ниту било кој друг покажа било каков интерес. Затоа денес имаме неколку десетици илјадни нови невработени, имаме компании кои се затворени и практично економија која што колабира, нагласи тој.
Според Мицкоски мерките за субвенционирање на платите требале да продолжат.
-Ние тоа го предложивме кога бевме во техничката влада, потоа изготвивме преодна стратегија која ја презентиравме јавно и нашиот економски тим тоа го побара од тогашната техничка влада.Мерка која сега во четвртиот пакет ја применуваат во која доаѓа во нивелирање на данокот на додадена вредност за угостителите како сектор кој е еден од најпогодените од коронакризата, истакна Мицкоски во интервјуто за Радио Слободна Европа.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*