Надал: Како против Новак? Ајде да одиме во црква и да се помолиме

Тони Надал, поранешниот тренер и чичко на Рафаел Надал, повторно проговори за тоа како изгледале подготовките за дуелот на неговиот внук со Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ.

Шпанецот се наврати во 2006 година и финалето против Швајцарецот. Тони изјави дека му рекол на Рафа дека ќе му биде многу тешко.

– Федерер има подобар форхенд и бекхенд од тебе, тој игра полуксузно и сервира подобро. Ми рече да застанам за да не го депимирам, но јас продолжив: „Ако сакаш, можам да те излажам нешто, но Федерер нема да го стори тоа за час и половина“. Кога знаевме со што се соочуваме, тогаш можевме да направиме некои работи за да го олесниме натпреварот. Рафа го играше секој поен како да беше меч-топка, како да играше за да си го спаси животот, рече Надал Сениор.

Тој потоа раскажа за разговорот за времена финалето на УС Опен седум години подоцна во 2013 година, кога Рафа го освои вториот трофеј во Њујорк, совладувајќи го Ѓоковиќ, кога при 1-1 во сетови, Србинот направи брејк во третиот.

– Рафа се сврте кон ложата и ме праша:„ Што да направам? Му реков: „Треба да ја погодиш топката силно и во средина, немој да се движиш премногу против него, бидејќи тогаш тоа ќе ги „исчисти“ линиите. Потоа му реков на Карлос Коста, кој седеше до мене, дека е најдобро за нас да одиме во црква и да започнеме да се молиме, истакна Тони.

Тој додаде дека е потешко да се подготви за дуел со Новак отколку со Роџер.

– Секогаш имавме план против Роџер, знаевме дека Рафа мораше да го нападне неговиот бекхенд со многу спинови за да има поголеми шанси за победа. Потоа, во 2017 година, сè стана посложено (Федерер беше на 4/4 против Надал). Никогаш не знаете што да направите против Новак. Едноставно треба да одиграте навистина добар натпревар, откри Надал.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*